те судови оцениле дека прашањето дали жалителите навистина пукале не било клучен елемент на предметните кривични дела; и покрај тоа, врз основа на сите расположливи докази, фактот дека жалителите имале остатоци од барут на нив помогнал да се утврди дека сите обвинети активно учествувале во сторувањето на предметните кривични дела. Друго прашање на кое Судот придал особено внимание е фактот дека вештаците дале исказ на главната расправа пред судечкиот суд и на застапниците на жалителите им била дадена можност вкрстено да ги испитаат(спротивно: Duško Ivanovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 10718/05,§ 59, 24 April 2014 и Stoimenov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 17995/02,§ 42, 5 April 2007). Понатаму, била направена видеоснимка од увидот на лице место спроведен од страна на полицијата, која била презентирана како доказ во постапката. Конечно, увидот бил спроведен во присуство на истражен судија кој, како независен судија, ги наредил вештачењата. Сите овие елементи придонеле Судот да оцени дека биле обезбедени доволно заштитни мерки за да се осигурат ефективните права на жалителите. Во врска со ова, Судот, исто така, забележал дека одбраната на жалителите не обезбедила доказ дека наведените вештаци ги извршиле своите должности на начин кој не бил непристрасен и објективен. Иако жалителите имале можност да обезбедат вакви докази и за време на вкрстеното испитување на вештаците и подоцна за време на жалбената постапка, тие не дале никакви индиции за недостаток на непристрасност или независност, освен укажувајќи на фактот дека вештаците биле вработени во Бирото(спореди: Poletan and Azirovik , цитиран погоре, § 101). Понатаму, осврнувајќи се на методологијата што ја примениле вештаците, Судот забележал дека жалителите ги оспориле методите што ги примениле вештаците за да се утврди присуството на траги од барут на телата и облеката на жалителите, а домашните судови ги земале предвид тие приговори и дале опсежно и доволно образложение за нивно одбивање. Во такви околности, истакнувајќи дека не е задача на Судот да ги цени доказите и да ги толкува фактите во врска со наодите на вештаците, Судот заклучил дека судечкиот суд имал право да постапува по своја сопствена дискреција кога го одбил барањето на жалителите за алтернативно вештачење од независен вештак или институција (ibid.,§ 102). Имајќи го предвид претходно наведеното, Судот не сметал дека назначувањето како вештаци на припадници на Бирото кои истовремено биле вработени во Министерството го прекршило начелото на„еднаквост на оружјето“ или дека резултирало со неправичност на постапката. Следствено, утврдил дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да биде отфрлен, во согласност со член 35, став 3(а) и 4 од Конвенцијата. 15. СЕЛМАНИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 722 → Допуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа во постапката пред Уставниот суд) поради постоење на значителна штета 723 (не постојат исклучителни околности со кои може да се оправда неодржувањето на усна расправа) 722 Selmani and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 67259/14, 9 February 2017. 723 Како што беше претходно истакнато, при примената на критериумот за допуштеност во однос на значителноста на претрпената штета, ЕСЧП не е исклучително засегнат со случаи кои се однесуваат на незначителни финансиски износи. Имено, вистинскиот исход на случајот на национално ниво може освен финансиски, да има и други последици. 174 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten