Регионален развој и поддршка и структурна трансформација 7.2 Дигитализација " „За мене дигитализацијата е темелот за функционална циркуларна економија, бидејќи мора да знаеме што и каде се наоѓа. Само така размената на податоци може навистина да се искористи.“ Катрин Бахло, продукт-менаџерка во дигиталната платформа за материјали Madaster Germany на C2C Самитот„Staging the Future“ на 22.11.2022 г.52 Зошто дигитализацијата претставува можност за постигнување позитивни цели и за долгорочна трансформација на економскиот модел? Дигитализацијата не смее да биде цел сама по себе, туку основен предуслов за заштита на климата и ресурсите, затоа што само пре ку транспарентни дигитални процеси можат материјалните и енергетските текови на ниво на населба, град или држава да се прикажат, следат и анализираат. Циркуларната економија според C2C може да функционира само ако постојат детални информации за сите производи, производствени процеси, синџири на снабдување и локации. Тоа овозможува планирање, транспарентност и затворање на материјалните циклуси. Дигиталните процеси го олеснуваат еколошки и ресурсно-одговорното урбано и инфраструктурно планирање. Тие вклучуваат с ѐ – од логистика и мобилност, до CO₂ и енергетски менаџмент, па сè до материјални бази на податоци. Затоа, при интегрирање на С2С во процесите на дигитализација потребно е да се соберат конкретни податоци се за: креирање на унифицирани еколошки извештаи, следење на напредокот во исполнувањето на климатските цели, ефикасна локална комуникација и евалуација на ефектите од преземените климатски мерки. 7.2.1 Разбирање на колегите ШТО ГИ ЗАСЕГА СЕКТОРИТЕ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ПРИ ОПШТИНИТЕ? Тие се одговорни за дигиталната трансформација на општинската администрација како управување со ИТ, ИТ-оперативни процеси и поддршка, развој и одржување на дигитална инфраструктура, обука на административни службеници. ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ СЕКТОРИТЕ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА • Недостаток на дигитална инфраструктура , • Голем број некомпатибилни софтверски системи што оневозможуваат споредба на податоци , • Прашања за управување со податоци и заштита на лични податоци(Кој ги поседува? Кој има пристап?) . 52 https://preview.mailerlite.com/x4m2p0f9t6 58
Druckschrift
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten