Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

7.2.2 Зошто C2C е убедливо значаен овде? Со следните аргументи може да се убедат прет­ставниците на секторите за дигитализација дека вреди да го интегрираат Cradle to Cradle(C2C) во нивната работа: ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И C2C ОДАТ РАКА ПОД РАКА Дефинирањето критериуми за квалитет и сце­нарија на употреба на производите е основен предуслов за податоци-базирана циркуларна економија. Дигитализацијата не смее да биде цел сама по себе: таа и C2C се меѓусебно ус­ловени и се зајакнуваат. Нови пристапи, како вештачката интелигенција(ВИ), можат дополни­телно да ја унапредат и забрзаат примената на циркуларната економија според C2C. ДИГИТАЛНИТЕ АЛАТКИ ЈА ЗАЈАКНУВААТ ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА СПОРЕД C2C Пример од градежништвото: За да може еден објект да биде изграден целосно според C2C-принципи, потребно е детално познавање на сите својства на употребените производи и материјали за да може нивниот тек да се врати во циркуларен систем. Со технологиите од Индустрија 4.0, целите згра­ди можат да се прикажат како дигитални двој­ници кои ги содржат сите важни информации за квалитетот и количината на материјалите ин­формации што може да се прикажат, анализира­ат, мерат и следат. Дигиталните пасоши за про­изводи и материјали кои ги содржат податоците за составот и потеклото, им помагаат на архитек­тите да изберат соодветни и здрави материјали . 7.2.3 Препораки за дејствување според C2C ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ЧЕКОРИ Набавка на канцелариски и ИТ-производи според C2C-стандардите(види Поглавје 01) , Поддршка на алтернативни бизнис-моде­ли при јавни набавки, особено во ИТ-секто­рот: Дали постои можност производот или услугата да се изнајми, позајми или прет­плати, наместо да се купи?(т.н.Product-as­a-Service PaaS модели) , Составување дигитален катастар на објек­ти за полесно управување со постоечката инфраструктура . ПРЕПОРАКИ НА ДОЛГ РОК Развој на внатрешна дигитална инфраструк­тура во општинските управи која ќе овозмо­жи подобро поврзување на податоци, полесна комуникација, транспарентност и циркулација на информации , Поттикнување дигитални процеси што овоз­можуваат: трансфер на знаење во синџири­те на снабдување , циркулација на ресурси , едноставно мерење на квалитетот на мате­ријалите, и побрзо воведување на дигитал­ни производствени пасоши , Финансиска поддршка или задолжително воведување на дигитални материјални пасоши(на пр. BIM-модели) за сите нови или реновирани јавни објекти , Примена на предиктивна анализа и вештач­ка интелигенција, на пример, за обработка на барања од граѓаните . 59