2. Синдикалното движење во Република Македонија на прагот на транзицијата 2.1. Општествено-политичко уредување на Социјалистичка Република Македонија До започнување на транзицијата во 80-тите години од минатиот век, Социјалистичка Република Македонија како федерална единка на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, градеше социјалистичко самоуправување. Целокупната власт ѝ припаѓаше на работничката класа, самоуправување на најразлични нивоа, преку усогласување на заедничките и општите интереси на работните луѓе и контрола на носителите на самоуправните и други функции. Основата на политичкиот систем беше самоуправната демократија којашто се реализираше како специфично ангажиран самоуправен плурализам на интересите на работничката класа, работниот народ и граѓаните. Сојузот на комунистите на Југославија/Македонија беше водечка идејна и политичка сила на работничката класа која имаше влијание и врз политичкиот и врз економскиот систем. Партијата се наметна како политички монопол на државната власт чија теоретска основа на дејствување беше марксизмот, со отсуство на можност да партиципираат и други теории кои во други општествени системи беа успешно валоризирани. Влијанието на Сојузот на комунистите се чувствуваше на сите нивоа на општествениот живот во Република Македонија. Операционализацијата на програмската улога на СКМ се вршеше и со утврдување на идејно-политичките квалитети како еден од критериумите од кои се поаѓаше при изборот на кадри на функции во општествено-политичката заедница, општествено-политичките организации и во организациите на здружен труд(ОЗТ) од посебен општествен интерес. 32 До распаѓањето на СФР Југославија, покрај во другите општествено-политички и општествени организации и органи на ниво на Федерација и Република, синдикатите од Македонија со свои делегати и претставници учествуваа и во работата и активностите на тогашната најголема политичка организација – Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на СФРЈ и СРМ(ССРНМ). Преку нивните органи и тела, синдикатите учествуваа во разгледувањето и заземањето ставови во врска со вкупната економскосоцијална и материјална положба на работниците и нивните семејства, 32 Општествен договор за остварување на кадровската политика во СРМ:„Службен весник на СРМ“, бр. 23/86-567 ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 43
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten