2.2. Синдикатот и самоуправувањето Во периодот на самоуправниот систем, работниците во Република Македонија беа организирани само во една синдикална асоцијација – Сојузот на синдикатите на Македонија и таа беше„единствена и најширока класна општествено-политичка организација на работниците и работничката класа и дел од фронтот на организираните социјалистички сили на чело со Сојузот на комунистите. Во ССМ се изразуваат и усогласуваат поединечните и посебните интереси на работниците со заедничките и општите интереси на работничката класа во целост...“. 36 Тоа значеше дека ССМ имаше широки ингеренции во сите сфери на општествениот и политичкиот живот, ги развиваше социјалистичките самоуправни односи и ја јакнеше улогата и положбата на работничката класа во здружениот труд и општеството во целост и претставуваше еден од факторите како во креирањето, така и во реализацијата на политиката и на микро и на макро план. Беше вклучен во: донесувањето на плановите за развој, инвестициите, реализацијата на економската политика, социјалната политика, изборите и делегатскиот систем, остварувањето на самоуправувањето, општонародната одбрана, општествената самозаштита, воспитувањето и образованието, итн. и тоа од ОЗТ, до Федерацијата. ССМ учествуваше во самоуправното планирање во организациите на здружениот труд самостојно и заедно со самоуправните органи(работничките совети и собири на работниците) и другите организации. Основните синдикални организации и собирот на работните луѓе во ОЗТ одржуваа посебни состаноци, на нив присуствуваа исти луѓе, но сепак, не се поистоветуваа од причина што синдикалниот состанок беше облик на договарање и политичка подготовка на работниците во самоуправно одлучување, а собирот на работните луѓе беше облик на самоуправно одлучување на работните луѓе во ОЗТ. 37 Во работењето на основните синдикални организации во ОЗТ се формализираше пристапот во разрешувањето на одделни проблеми, повеќе се трошеше енергија на самоуправното самоорганизирање, се третираа воопштени теми, недоволно се остваруваа прокламираните стратегии, што се одразуваше на мотивираноста на членството за учество во креирањето и реализацијата на синдикалните акции. 2.3. Реформа и модернизација на синдикатот Процесот на синдикалните реформи се одвива во континуитет од самата појава на синдикатот, кој вековно се стреми да изнаоѓа соодветни начини 36 Статут на Сојузот на синдикатите на Македонија, усвоен на 11. Конгрес на ССМ, одржан на 1 и 2 октомври 1982 год. 37 Повеќе во:„Прирачник за остварување на општествено-политичката улога на организациите и органите на ССМ во здружениот труд и општината“, ССМ-„Трудбеник“, Скопје, 1981 ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 45
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten