за остварување на интересите на вработените – членовите на синдикатите, да се бори користејќи разни методи и механизми. Меѓутоа, и покрај многуте општествено-политички турбуленции низ историјата на државите, многуте промени и во организирањето и дејствувањето на самите синдикати(вклучително и во Република Македонија), синдикатот секогаш бил најмасовната организација, со најмногубројно членство. Во периодот на општествено-политичката транзиција, реформите на синдикатот ги зафати, речиси, сите социјалистички земји во Европа, особено земјите-аспиранти за влез во ЕУ. Во 1988 год. Сојузот на синдикатите на Југославија во документот: Појдовните основи за реформа на ССЈ се определи за тоа: да дејствува како автономна и самостојна организација на работниците, а не како трансмисија на другите општествено-политички и општествени органи и организации; синдикатот да се вклучува при носењето на законите и актите кои се во делокругот на неговата работа и дејствување; аргументираните ставови на синдикатот за значајни прашања за работниците да бидат респектирани од надлежните органи и институции во политичкиот систем; да се менува суштински методот на работа на синдикатот и тој да нуди, а не само да се произнесува по готови решенија и одлуки; водечката сила да бидат струковите синдикати и сите интереси на работниците да се договараат и остваруваат преку нив; да се напушти изборот на претставници на работничката класа во органите на синдикатот според„клуч“, туку според нивните квалитети; изразувањето на незадоволството на работниците да се регулира со посебни правила за штрајк кои треба да се почитуваат од сите вработени, и др. Во денешни услови, за успешен синдикат и натаму остануваат повеќе предизвици: како да се организира за даде најефектни резултати, да биде масовен, финансиски моќен, да ги јакне своите капацитети и да биде рамноправен социјален партнер. 2.4. Синдикализмот во Република Северна Македонија На денешната територија на РСМ, синдикалното организирање на работниците се јавува на крајот на 19. век, а неговото легитимно дејствување започнува во 1908 год. Работниците се организирале во струкови синдикати, но многуте проблеми и пречки на кои наидувале ги натерале да се здружуваат и заедно да дејствуваат. 38 Со започнување на вкупните општествено-политички промени и изградбата на плурално, демократско општество и пазарен модел на стопанисување во Република Македонија, неминовно беше синдикатот да се реформира и реафирмира. Новите капитал-односи и парламентарната 38 Повеќе во:„Историја на синдикалното движење во Македонија“, Скопје 2008 46 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten