Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

3. Организациона структура на синдикатите Синдикатите се работнички организации во кои се зачленуваат вра­ботените. Синдикатите ги застапуваат заедничките општествени, еко­номски, социјални и културни интереси на вработените кои преку легални средства се борат за економско-социјалните и синдикалните права на ра­ботниците. Новото зачленување и мобилизирање на членството во синдикати стана актуелно особено по започнување на транзициските процеси, кога започна забележително одлевање на членството посебно во приватниот сектор. Основната причина беше губење на работните места врз основа на стечај и технолошки вишок. Синдикатите воспоставуваат мрежа на ко­муникации и активности меѓу членовите на синдикатите на сите нивоа на организирање и промовираат методи на ново зачленување и формирање на синдикални организации. 3.1. Силата на синдикатот е во неговото членство Поточно, силата на синдикатот е во сплотеноста на членството. Мали се изгледите за успешно реализирање на иницијативи и активности на поединци за подобрување на нивната материјална и социјална положба доколку зад нив не стои силата на синдикатот. За Синдикатот е важен секој негов член и тој е движечка сила која ги унапредува работничките права. Членови на синдикатот и синдикална организација во работната сре­дина може да биде секој вработен(во редовен или договорен работен однос) кој доброволно(за разлика од изминатите години кога со врабо­тувањето работниците по автоматизам стануваа и членови на синдикат), без да биде присилен, и без било какво влијание ќе се определи своите права од работа и своите интереси поврзани со работата да ги оствару­ва и унапредува организирано заедно со другите работници членови на синдикат. Неговото зачленување не смее да биде спречувано или услову­вано заради неговата: возраст, здравствена состојба, социјално потекло, личните убедувања и определби(политички, религиозни) или припадно­сти(национална, етничка, расна, полова). Членот на синдикатот се изјас­нува дека го прифаќа статутот, програмата за работа и другите документи на синдикатот, потпишува пристапница и добива членска книшка. Заради зачленување во синдикат работникот не смее да го изгуби статусот на вра­ботен или да биде ставен во понеповолна положба, да уназадува и покрај постигнатите работни резултати, да му биде намалена платата, да биде 48 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)