Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Работодавачот е должен на најбројниот, репрезентативен синдикат, да му обезбеди соодветни услови за вршење на дејноста и претставниците на синдикатот да ги информира, консултира и да им овозможи навремен пристап до податоци значајни за остварување на правата на работниците од работа. 3.2. Територијална синдикална организираност Ова е посебна организациона форма на синдикатите која ги застапува на подрачјето на општината за прашања значајни за синдикалното член­ство, за потпишување и примена на колективните договори во претприја­тијата и установите; организираат правна помош за членството; покрену­ваат иницијативи и даваат предлози за расправа по сите значајни прашања за работниците; организираат образовни активности, и др. До појавата на синдикалниот плурализам, во рамки на ССМ функци­онираа совети на општински синдикални организации, со свои органи и тела. Во годините на реформи нивниот број се менуваше. Во 1991 год. беа формирани 16 регионални и 19 совети на општински синдикални орга­низации. Во 1993 год. во рамки на ССМ функционираа 36 совети на син­дикатите на општините. Во 1997 год., беа формирани 16 регионални син­дикални совети и 35 општински синдикални организации. Во 2005 год. се формираа 31 регионални синдикални организации, а во 2006 год. Советот на ССМ(со Одлука 0702-94/1 од 21.4.2006 год.) формира 14 регионални синдикални совети на територијата на Република Македонија во кои при­паѓаат организациите на синдикатите од територијата на општината, како и организациите на синдикатите од другите поблиски општини. Од 2010 год., во ССМ функционираат 10 регионални синдикални претставништва (РСП), во кои се именува секретар, и 10 синдикални канцеларии(СК) во кои се именува координатор. Во поново време, синдикатите во РСМ формираат свои територијални синдикални организациски мрежи кои ги застапуваат правата и интереси­те само за своето членство. 3.3. Здружени грански синдикати Врз принципот на доброволност, гранските синдикати се здружуваат во повисока форма на организираност(сојузи, федерации, конфедерации) и се должни да ги почитуваат одредбите од стратешките документи и одлу­ки. Во спротивно, синдикатот може да биде суспендиран или исклучен. Синдикатот, исто така, може и да истапи од членство од повисоката форма ма организираност, со претходно намирување на сите обврски. Синдика­тите својот легитимитет го стекнуваат со регистрација во Министерството за труд и социјална политика, во кое посебна Комисија, на барање на син­дикатот, ја утврдува нивната репрезентативност. 50 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)