Во изминатиот период се формираа повеќе нови грански синдикати и синдикални централи, што предизвика нивна фрагментираност. Поголем број од регистрираните грански синдикати се здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија(КСС). Меѓутоа, нивниот број во текот годините се менуваше, посебно во ССМ. На пример, пред транзицијата, во ССМ беа здружени 9 грански синдикати, во 1994 год. – 14. Во 1995 во ССМ беше примен Македонскиот полициски синдикат(МПС), кој истапи од Синдикатот на УПОЗ, 40 со што во ССМ имаше 15 грански синдикати. Од Синдикатот на УПОЗ се формираше и Синдикатот на финансиските организации, кој стана членка на ССМ, но кој подоцна беше исклучен од ССМ(со Одлука на Советот на ССМ од 4.6.2002 год.) и се приклучи во КСС. Истата година, во рамки на ССМ се формираше Синдикат на финансиските дејности на Македонија(СФДМ). Во 1998 год., Синдикатот на Електростопанство на Македонија истапи од членство на СМЕР, заради изменетата организациона поставеност на ЈП ЕСМ. На оваа одлука ѝ претходеше изјаснување на членството во ОСО од оваа дејност. Во оваа година, од Синдикатот за сообраќај и врски на Македонија се издвои во посебен синдикат – Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија(СПТРМ). Во 2005 год., Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК донесе Одлука за истапување од ССМ(на 14.7.2005 год.), но дел од членството свика Конгрес(на 25.9.2005 год.) и донесе Одлука за продолжување на континуитетот на СОНК како здружена членка на ССМ. Дел од ова членство подоцна го формира Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) кој во 2008 год. стана членка на ССМ. 41 Во 2015 год. МЕСО беше исклучен од ССМ, во 2017 повторно примен во членство. На 28 декември 2005 година беше основана Конфедерацијата на самостојни синдикати на Македонија(КСС) од: Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на РМ(СОНК), Самостојниот синдикат на вработените во одбраната(ССВО), Федерацијата за транспорт и врски(ФТВ) и 40 Вработените во Министерството за внатрешни работи во 1990 год. беа членови на Синдикатот на УПОЗ, на 29 мај 1992 год. одржаа Основачко собрание и формираа Независен синдикат на вработените во МВР на Република Македонија(запишан во Регистарот на општествени организации на 3.2.1993 год.). во 1995 год. се здружија во ССМ како Македонски полициски синдикат(МПС) и функционира како синдикална организација на вработените во: МВР на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Од Македонскиот полициски синдикат подоцна се формирани два нови синдикати: Независен синдикат на полицијата(во Централниот регистар е запишан на 1.3.2016 год.) и Синдикат на полицијата во Македонија(во Централниот регистар е запишан на 13.5.2020 год.). 41 Мултиетничкиот синдикат за образование на Република Македонија поднесе Барање за прием во ССМ(28.5.2008 год.). Советот на ССМ донесе Одлука за прием на овој Синдикат во ССМ(на седницата од 7.10.2008 год.). Во 2015 год. МЕСО беше исклучен од ССМ, за што поведе судски спор. Повеќе на: https://mesorm.wordpress.com/ ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 51
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten