неповратни средства за: лекување; подолготрајно боледување; лекови и медицински помагала; во случај на загрозена материјална состојба; за новороденче; прваче; потешки последици од елементарни непогоди; за смрт на член на Фондот или смрт на член на неговото потесно семејство; заминување во пензија; во случај на штрајк; во случај на отказ или претрпени финансиски последици поради синдикални активности, итн. Од солидарните фондови може да се доделува и парична позајмица. Оние синдикати кои немаат формирано фондови, на своето членство солидарно му помагаат согласно одлука на нивните надлежни органи. 3.4. Органи и тела на синдикатите Заради поцелосно изразување на непосредните и специфичните интереси и потребите на членството и постигнување поголема ефикасност во носењето одлуки, гранските синдикати формираат свои органи и тела. Нивните обврски и одговорности се уредени со статут, како основен документ на синдикатите. Во начело, секој синдикат има: конгрес(или собрание), совет(или друго) како највисок орган меѓу два конгреса; претседателство, надзорен одбор, извршен одбор, и сл. Членовите на органите и телата на синдикатот и нивните лидери ги избира членството на синдикални избори кои ги распишуваат синдикатите. Нивниот мандат трае најмногу до 5 години, со можност да бидат повторно избрани(или како што е уредено со статутите на синдикатите). Членовите на органите и телата на синдикатите имаат одговорна функција. Во принцип, тие не треба да дејствуваат од партиски позиции или да поттикнуваат и учествуваат во активности што водат кон разбивање на синдикатот. Синдикатите формираат секции на жени и секции на млади заради непосредно остварување на правата од работен однос на жените и младите, членови на синдикатите. Секциите се доброволна форма на организирање и работат според програма во која е зацртана стратегијата за дејствување на секциите. Кај жените работнички и младите работници – синдикално организирани е изразен оптимизмот и мотивираноста од членување во синдикат и сметаат дека на тој начин тие можат да придонесат во подобрувањето на нивните права и решавањето на специфичните проблеми од работниот однос. Но, потребно е да се создаваат услови за: непречено синдикално организирање(без било какво влијание од страна на работодавачите и без да се доведе во прашање нивното работно место), вклучување во синдикалните структури и развивање доверба и солидарност меѓу членството; подобрување на условите за пристојна работа; да се почитуваат правата од договорите за вработување и законите; исплата на плати соодветни на нивниот труд и трошоците за живот; поголема ажурност на Државниот инспекторат за труд; да се спречува работата на црно, со тоа да се заштитат 54 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten