Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

8. Интернационална соработка и здружување на синдикатите Независно во кои држави дејствуваат и како се организирани, целта на синдикатите е иста да ги застапуваат, бранат и унапредуваат правата и интересите на работниците, синдикалното членство. За успешно оствару­вање на нивните стратегии се наметнува потребата и неминовноста од за­едничко интернационално синдикално дејствување, мобилизирање и по­врзување. Затоа, се остварува широка интернационална синдикална сора­ботка и бројни контакти на синдикатите, се врши размена на искуствата од синдикалното работење и синдикалните права и слободи, остварувањето на социјалниот дијалог и колективното договарање, изградба на работ­но-правниот систем, компатибилен со европските и светски стандарди. 8.1. Меѓународна конфедерација на синдикатите ITUC 49 Соработката на синдикатите од РСМ со Меѓународната конфедерација на синдикатите се остваруваше уште кога таа функционираше како ICFTU Меѓународната конфедерација на слободни синдикати. Во 2001 год. кога Република Македонија беше соочена со сериозни закани и тешкотии за зачувување на мирот, стабилноста и интегритетот и кога главниот удар го поднесуваа работниците, ICFTU повикуваше на решавање на настанатата ситуација со разум и мудрост и активно вклучување на синдикатите во тие процеси. Апелираме до сите синдикални организации во Регионот да работат заедно на брзото враќање на мирот. Еден од основните белези на демо­кратското синдикално движење е меѓусебното почитување и толеран­ција, како и меѓународната солидарност, што ги надминува национални­те, етничките и верските граници. Ова од причини што преку различните 49 ITUC International Trade Union Confederation е основана во 1973 год. од 17 национални синди­кални конфедерации од земјите од Европа, а идејата за нејзино формирање потекнува од 1950 кога во тогашната ICFTU, Меѓународната конфедерација на слободни синдикати(денес ITUC), дејствувала Европската регионална организација. На 1.11.2006 год., во Виена, е одржан Основач­киот кoнгрес на ITUC, на кој се обединија Меѓународната конфедерација на слободни синдика­ти(International Confederation of Free Trade Unions(ICFTU) и Светската конфедерација на трудот (World Confederation of Labour- WCL). Вториот конгрес на ITUC е одржан во Ванкувер, Канада, во месец јуни 2010 год. Меѓународната конфедерација на синдикатите ITUC застапува 176 милиони работници од 156 земји и територии, со 325 национални синдикални сојузи. 62 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)