Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

проблеми со кои се соочуваат работниците во целиот свет. Во таа насока се приклучуваат во спроведувањето на кампањите и акциите на ITUC. Од 14.2.2018 до 8.3.2018 год., се реализираше Кампањата за поддршка на Кон­венцијата и Препораката на МОТ заСпречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот, со заложба синдикатите да лобираат до Вла­дата на РМ и ОРМ да го поддржат усвојувањето на оваа Конвенција и Препо­рака на МОТ. Синдикатите се активни учесници на многубројните активности на ITUC PERC, Паневропскиот регионален совет на синдикатите од Југоисточна Ев­ропа, и ги презентираат своите ставови за одредени детектирани прашања од заемен интерес, посебно за земјите кои го минаа, или сè уште го минуваат патот на транзицијата. ITUC со децении наназад ги анализира состојбите со работничките пра­ва, а во последно време редовно објавува Глобален индекс на права. Во Ин­дексот се изнесени клучни наоди за тоа: дали и колку се почитуваат закони­те за работни односи и дали за сите работници; дали се почитува правото на штрајк; правото на колективно договарање и преговарање; слободата на организирање и здружување; слободата на говор; условите за работа, итн. 50 8.2. Европска конфедерација на синдикатите ETUC 51 Синдикатите во Македонија, остваруваат интензивна соработка и ги поддржуваат сите проекти и акции на ETUC кои се однесуваат на подобру­вање на работно-правната и материјално-социјалната положба на работни­ците. Со цел за развој на регионалната соработка, посебно на синдикатите од земјите од Југоисточна Европа кои ја започнаа транзицијата на своите кому­нистички општествени системи, ETUC во 1990 год. формира Европски син­дикален форум, а во 1999 год., по одржаните повеќе експертски синдикал­ни собири, формира Балкански синдикален форум за Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Мисијата на Форумот е да се усогласи процесот на трансформација со целите на интеграцијата на земјите од Југоисточна Ев­ропа во Европската Унија. Во 2000 год. во Скопје се одржа Балканската кон­ференција за Пактот за стабилност и произлегоа ставови и се дефинираше стратегијата на синдикатите за промоција на потребата од развој на негова­та социјална димензија, неопходна за изградба на стабилен и долгорочен мир во Југоисточна Европа. 50 Повеќе на: www.ituc-csi.org 51 ETUC е основана во 1973 год. од 17 национални синдикални конфедерации членки на ICFTU (сега ITUC). Во ETUC членуваат 88 национални синдикални федерации од 37 земји и 10 европски синдикални федерации. Европската Унија, Советот на Европа и Европската асоцијација за слобод­на трговија ја признаваат ETUC како единствена синдикална организација која ги претставува, промовира и застапува работниците на европско ниво. Овој официјален статус е содржан и во Договорот од Мастрихт- Холандија(потпишан на 7.2.1992 год.). www.etuc.org 64 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)