Европската конфедерација на синдикатите на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржа во Загреб на 6.5.2020 год. истакна дека е потребно да јакне политичкиот дијалог и економско-социјалната соработка меѓу ЕУ и регионот Западен Балкан во врска со отворањето на процесот на преговори за пристапување на земјите аспиранти за членство во ЕУ – меѓу кои и Република Северна Македонија. Исто така, ЕКС нагласи дека ЕУ треба да покаже солидарност во заедничкиот напор за справување со пандемијата Ковид-19 којашто во 2020 год. го зафати целиот свет, дека социјалниот дијалог меѓу синдикатите и работодавачите ќе има суштинска улога во стратегиите за справување со здравствената и економската криза предизвикана од оваа пандемија. 8.3. Меѓународни синдикални национални организации и асоцијации Синдикатите, речиси без исклучок, разменуваат искуства од синдикалното работење, искажуваат солидарност и поддршка, присуствуваат на конгреси, конференции и остваруваат разни форми на комуникација и соработка со синдикатите од другите држави во Европа и светот. Во оваа соработка доминираат актуелни теми кои се од интерес за трудот: приватизацијата и трансформацијата на пазарот на трудот во земјите од Југоисточна Европа; усогласување на националната легислатива со европските стандарди на трудот и искуствата од реформите во социјалното и работното законодавство; европскиот модел на пензиските системи; активностите на синдикатот во постранзицијата; мрежата на млади синдикални економисти(што ја формира Институтот за синдикатите за развојна соработка – ISCOS, со поддршка на CISL – Синдикатот од Италија, а во координација со ICFTU – Канцеларија во Сараево), ги лоцираше основните проблеми и изврши анализа на економската и социјална реалност во европските земји во транзиција; заедничката иницијатива ИНТЕРЕГ II(во 1996 год.) со грчкиот Синдикат GSEE се однесуваше на обука и комуникација на синдикатите од Грција и Македонија за улогата на синдикатите и пазарот на трудот;„Мрежа за здравјето и заштита при работа“(поддржан од претпристапниот фонд ИПА, во кој партнери беа синдикатите од финансиските дејности од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Македонија); безбедноста и здравјето при работа(во рамки на Проектот со социјалните партнери од Република Македонија и Република Турција:„Мостови на соработка за здравје и безбедност при работа“, што се реализираше во 2010-2011 год.) и многу други. Синдикатите од РСМ остваруваат богата соработка со синдикатите од: Австрија(ÖGB), Американската федерација на трудот; Конфедерацијата на синдикати од Албанија; Синдикалниот конгрес на Велика Британија; Сојузот на синдикатите на Азербејџан; Сојузот на синдикатите на Египет; 66 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten