Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Според Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(која од 2010 год., на годишно ниво обезбедува податоци за родо­вата структура на вработените во телевизиите и радијата, а во онлајн реги­стрите на радијата и телевизиите редовно објавува и податоци за сопстве­ничката структура на радиодифузерите кои опфаќаат и информации за застапеноста на жените и мажите во сопственоста 61 ) на 31.12.2020 година, во медиумската индустрија биле вработени вкупно 2.587 лица, од кои 61% биле мажи, а 39% жени. 11.1. Информирањето во работните средини Во социјалистичкото самоуправно општество работниците имаа право да бараат и да даваат информации, да ги осознаваат основните податоци за условите и резултатите од трудот. На тој начин тие можеа да донесуваат реални и рационални одлуки и да влијаат врз процесот на трудот и врз са­моуправувањето во својата ОЗТ и врз пошироките самоуправни организа­ции и заедници. Но, во одредени работни средини на информирањето се гледаше како на споредна работа, а не како на дејност од посебен опште­ствен интерес. Ова особено дојде до израз со започнувањето на економ­ско-политичкото преструктуирање во Република Македонија во 80-тите. Напуштањето на социјалистичката паролафабриките на работниците, се рефлектираше и врз информативните средства и тоа на прво место оние од ОЗТ. Стана неизвесно финансирањето и излегувањето на фабричките вес­ници и информативната дејност започна да се става на маргините на вкуп­ните дејности во ОЗТ. Први на удар беа новинарите и фабричките весници (регистрирани беа 120) кои се укинаа во:Бетон,Маврово,Комуналец, Скопско поле,Алумина,Карпош,Треска, Геолошкиот завод Скопје; Црн Бор,ЗИК Прилеп, Работничкиот универзитет во Прилеп;ЗИК Пела­гонија, Графичкиот завод,Иднина,Транспорт иКожара Битола;Ви­нојуг од Гевгелија,Истоктранс,Тиквеш,Повардарие, и др. весници со богата традиција и потврден квалитет. Голем број од другите весници се издаваа на два или повеќе месеци, со намален број на страници и тираж, или се заменија со билтени, соопштенија на огласни табли, излегуваа како дел од општинските весници(Астибо иМакедонка од Штип), итн. Синдикатите преземаа конкретни мерки за решавање на проблеми­те кои го попречуваа ефикасното и квалитетно информирање на работ­ниците во ОЗТ: за менување на неповолните состојби и разрешување на постојните проблеми; за унапредување и збогатување со нови форми и содржини на информирањето и нивниот квалитет; за нормативно уреду­вање на информирањето во ОЗТ согласно член 67 од Законот за претприја­тија; решавање на проблемите од финансиски карактер преку годишните 61 Анализите се достапни на http://bit.ly/2FHHibz ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 75