Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

финансиски планови на ОЗТ; за вистинско вреднување на новинарската дејност и да се подобрат работните услови, статусот и наградувањето на новинарите во ОЗТ; за независност како основна претпоставка за инфор­мативната објективност и целосна отвореност на изворите и средствата за информирање; да се прекине праксата претседатели на издавачките сове­ти и редакциските одбори, како и главни и одговорни уредници, да бидат директори или раководни лица во работните организации, итн. 11.2. Преструктуирање и криза во јавните информативни гласила Транзицијата силно се рефлектираше врз работењето на средствата за јавно информирање. Доведено беше во прашање остварувањето на нивната основна функција: објективно, точно и навремено информирање. Фрапантниот скок на цените на репроматеријалите и суровините, на услу­гите на поголемиот број новинско-издавачки куќи, ја зголемуваше цената на весниците, на РТВ претплатата, тиражите на дневните информативни весници опаѓаше. 62 За новинарите, во транзицискиот период(кога нивниот број се дви­жеше од 1.000-1.300) се натрупаа повеќе прашања од животно значење кои беа причина големиот број од нив да се најдат на прагот на социјална издржливост: драстичен пад на платите и нивна нередовна исплата 63 ; не­редовна исплата на придонесите од плата; не се исплаќаа надоместоците од плата(или се исплаќаа во намален износ), средства за исхрана(или се исплаќаа бонови во износ од 1.000 ден.), регресот за годишен одмор. Во НИПНова Македонија се укина категоријата минат труд. Новинарите работеа: во тешки услови за работа; со неутврдено ра­ботно време; во постојана мобилност; изложени на притисок и стрес при работата; растеше незадоволството и флуктуацијата на новинарскиот и друг кадар. Тие заминуваа во конкурентски редакции и други организа­ции, каде им се нудеа поповолни услови за работа, плата и други права од работниот однос. Одливот на новинарскиот кадар придонесуваше за ка­дровско осиромашување и сериозно загрозување на новинарскиот про­фесионализам. Со започнувањето на приватизацијата, во незавидна состојба се најдоа и вработените во 29-те локални радио и ТВ станици. Поголемиот број од 62 Во 80-тите години, со најголем број примероци излегуваа весниците:Вечер(27.050),Нова Ма­кедонија(25.300),Трудбеник(25.000),Студентски збор(14.500),Млад борец(12.500),Остен (2.500),Стопански весник(2.400),Флака е влазеримит(1.600),Бирлик(900). Секојдневно, РТВ Скопје емитуваше 37,5 часови радио и 13,5 часови телевизија. 63 Во просек, новинарската плата изнесуваше од 7.000-15.000; во поголемите новинарски куќи, како што беше МРТ(со 1.806 вработени), се исплаќаше најниската плата во износ од 5.060 ден. (просечната изнесуваше 9.060 ден.); во НИПНова Македонија(со 1.657 вработени), најниската плата изнесуваше 6.100 ден.(просечната изнесуваше 7.222 ден.); во локалните радио станици нај­ниската плата изнесуваше 4.140 ден.(просечната изнесуваше 6.000 ден.) 76 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)