Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Вработените во одделни весници не примаат редовно плата и не им се исплаќаат придонесите од плата по неколку месеци, што води кон нивен колапс и медиумска криза. Од друга страна, се прават напори да излегу­ваат бесплатни весници на ниво на општини, со тенденција ваков тип на весници да се печатат во поголемите општини и региони. 11.3. Интерно и екстерно синдикално информирање и маркетинг Една од главните компоненти во дејствувањето на синдикатите прет­ставува интерното и екстерното информирање и маркетингот. Преку овие дејности се изразува суштината и актуелностите на синдикалните активно­сти и акции кај членството и пошироката јавност. Низ годините се намет­нуваше потребата од постојано менување и усовршување на концептот и пристапот на информирањето и маркетингот заради присутниот тренд на брзиот развој на компјутерската техника и информатичката технологија. Модерниот виртуелен свет свет без граници, информациско општество, посебно на најпознатата мрежа интернетот, несомнено влијае врз фор­мата и начинот на одвивањето на комуникациско-информативниот систем во синдикатите, на методите и техниките за: креирање, прибирање, обра­ботка, складирање и дистрибуција на информации. На иницијатива на синдикатите, со измените и дополнувањата на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 год. е воведен институтот претставник за информирање и консултирање на ниво на работодавач, кој го избира репрезентативниот синдикат. На овој начин му е дадена активна и значајна улога на синдикатот во претпријатијата, се обезбедува навремено, точно и целосно информирање и консултирање за заштита на работничките права на работниците. Во оваа смисла се напра­вени и измени и дополнувања и на Законот за БЗР. а) Интерно информирање. Информирањето на синдикалното член­ството и пошироката јавност е организирано на начин да се промовираат сите значајни синдикални активности. Во 80-тите години, ССМ издавашеБилтен секој месец, во кој се изне­суваа ставовите, мислењата и заклучоците, како и интегрални документи усвоени на највисоките органи и тела на ССМ и републичките одбори(по­доцна грански синдикати). ВесникотТрудбеник е првиот синдикален весник кој по постоење од повеќе од половина век, во 1997 год. започна да се соочува со проблеми од финансиска природа. Со намера да одговори на предизвиците на ново­то време и да биде и натаму глас на членовите на синдикатите и хроничар 78 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)