2.1. Колективното договарање во светот Со индустриската револуција и воспоставувањето на капитализмот во XIX век, во светот се наметнаа нови економски односи, а со тоа и неминовен правен третман на слободната работна сила и пазарот на трудот. Ваквите односи во различен обем и во различно време се инсталираа во европските земји и Соединетите Американски Држави. Развојот на капитализмот, огромното акумулирање на капиталот и појавата на крупната буржоазија, создаде многу големи разлики меѓу сопствениците на капиталот и работниците, што негативно се одразуваше и врз економските можности и врз економската еднаквост на работништвото. Незадоволството кај работниците особено кулминира со забраната на здружување, што не ги спречи во илегално синдикално организирање, штрајкување и масовно протестирање и покрај острите државни интервенции и реакции на властите. Со легализирањето на синдикатите, започна да се издигнува колективната свест кај работниците за организирано и заедничко настапување пред работодавачите. Меѓу првите колективни договори се споменува колективниот договор што го склучил Синдикатот на графичките работници во Австрија, во 1896 год., но за вистински колективни преговори и договори, нивното законско признавање и ефектите врз положбата на работниците, може да се зборува по завршување на Првата, односно Втората светска војна. Западноевропските земји, кои доживеаја голем економски процут, имаа потреба и можности да го развиваат концептот на држава на благосостојба, кој подразбираше висок степен на социјална правда и рамнотежа, материјално и социјално обезбедување на работниците и граѓаните. Развиениот капиталистички свет со концептот на социјална држава претставуваше пандан на земјите кои тогаш развиваа друг општествено-политички систем – социјализам. Предмет на првите склучени колективни договори е регулирањето на висината на дневницата, а подоцна и утврдување на работното време, односно и другите институти што ја сочинуваат суштината, односно содржината на работните односи(заштита при работа, одморите, отсуствата, прекин на работниот однос, итн.). Колективното договарање во земјите во кои функционира пазарот на трудот и капиталот, се развиваат со: сопствена препознатливост и карактеристични системи, законски решенија и нивно усогласување со меѓународните стандарди, практиката и интензитетот на преговарањето во решавањето на споровите, со што сè повеќе расте нивното значење во обезбедувањето и развојот на демократијата во трудовите односи. 265 265 Повеќе во:„Колективни преговори – компаративни согледувања“, м-р Лазар Јовевски, Скопје 2006 286 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten