2.2. Колективно договарање во Република Северна Македонија Воведувањето на партнерството и социјалниот дијалог во Република Македонија, како и во повеќето транзициски земји, беше неминовност и од чиј степен на развиеност беше условен целокупниот економски развој на државата, мирот и стабилноста. Овој демократски процес на решавање на проблемите на вработените доби на значење уште со самото започнување на општествената и економската транзиција во Република Македонија и стекнувањето независност. Промовирањето на социјалното партнерство и преговарањето содржеше силно уверување дека тоа е долгорочен одржлив модел во уредувањето на работно-правните односи и подобрување на работно-правната положба на работниците. Постигнувањето социјален консензус води кон остварување на поголем економски развој и подобри резултати во социјалната политика. Колективното договарање се врши меѓу репрезентативните организации на работниците и репрезентативните организации на работодавачите и извршната власт. На тој начин се овозможува нивно непосредно влијание врз обликувањето на конечните предлози на законските решенија, но и при решавање на одредени проблеми од највисоко национално значење кои имаат влијание врз пазарот на трудот(на пример, при креирањето и спроведувањето на различни реформи на национално ниво: даночната, пензиската, здравствената, и др.). Процесот на колективното договарање трае сè додека не се постигнат прифатливи решенија за страните потписнички кои се на различни позиции и со различни интереси. Практикувањето на колективното договарање придонесува во исполнувањето на приоритетите за економски прогрес во секоја современа, демократска и правна држава, како што со Уставот се декларира Република Северна Македонија. Колективните договори кои се склучуваат во писмена форма меѓу учесниците во колективното договарање претставуваат автономен извор на трудовото право, со кои се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите од работен однос, и имаат многукратно значење, а пред сè, за превентивно разрешување на социјалните конфликти, воспоставување на социјален мир и економски развој на секое демократско општество. Почетоците на колективното договарање во нашата држава се уште со носењето на Законот за основните права од работен однос во 1989 год., и Законот за работните односи на СР Македонија од 1990 год. Сепак, голема промена во уредувањето на работниот однос на вработените во РМ беа ДЕЛ VII: ДЕМОКРАТСКИ ОДНОСИ МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ 287
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten