Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

да бидат застапувани од друго лице како нивен застапник. 199 Во тој случај, обврзани се да достават уредно потпишано полномоштво. 200 Од содржината на членот 34 произлегува дека за да може да поднесе жалба согласно овој член од Конвенцијата, жалителот мора да исполнува два услова: да спаѓа во една од ка­тегориите на жалители предвидени во член 34 и да покаже дека е жртва на повреда на правата заштитени со Конвенцијата. 201 Постапката пред ЕСЧП согласно член 34 се поведува со поднесување индивидуална жалба до Судот. Притоа, доколку жалителот ги исполнува условите предвидени во член 34 од Конвенцијата, постапката понатаму може да се води само ако поднесената жалба ги ис­полнува критериумите за допуштеност, предвидени со член 35 од ЕКЧП. Постојат неколку групи критериуми за оценување на допуштеноста на индивидуалната жалба, во соглас­ност со ЕКЧП: процесни основи за недопуштеност; основи за недопуштеност коишто се однесуваат на надлежноста на Судот и основи за недопуштеност коишто се однесуваат на основаноста. 2.1. Општ пристап кон допуштеноста Европскиот суд за човекови права често истакнувал дека правилата за допуштеност мора да се применуваат со одреден степен на флексибилност и без прекумерен формализам, како и дека треба да се земе предвид нивниот предмет и цел и оние на Конвенцијата во­општо, која, како договор за човекови права, мора да се толкува и применува на начин што ќе ги направи нејзините заштитни мерки практични и ефективни. Во поголемиот дел од својата историја, Судот се потпирал на тие правила за да даде поповолно толкување на правилата, како што е обврската за исцрпување на домашните правни средства, во корист на жалителите. Во текот на изминатите години, сепак, започнал тренд насочен кон построга примена на критериумите за допуштеност. Постојат две причини за овој тренд. 202 Прво, ја отсликува политиката на Судот од 2014 година да заземе многу построг пристап кон она што претставува валидна жалба пред Судот, и следејќи ја оваа политика, да се даде многу поскратен третман на жалбите коишто ги исполнуваат барањата од пра­вилото 47 од Деловникот на Судот, но сепак, се немериторни или на друг начин несоод­ветни за испитување на супранационално ниво. 203 Второ, Конвенцијата денес претставува дел од домашното право кај многу од договорните страни и странките можат директно или конкретно да се потпрат на нејзините одредби пред нивните домашни судови. 204 Ова му овозможило на Судот да заземе поцврст став за одредени критериуми за допуштеност, како што е правилото за исцрпување на домашните правни лекови. Во судската практика на Судот постојат индиции коишто сугерираат дека, доколку странки можат изречно да се потпрат на Конвенцијата во домашните постапки, наскоро би можело да се бара од нив 199  Правило 36 од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 200  Правило 45(3) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 201  Vallianatos and Others v. Greece [GC], Nos. 29381/09 and 32684/09,§ 47, 7.11.13. 202  Harris, ОBoyle, Bates and Buckley, supra note 3, p. 47-49. 203  Ibid . 204  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 50 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур