Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

да го сторат тоа. Имено, во некои случаи, можеби веќе не е доволно едноставно да се пот­пираат на Конвенцијатаво суштина. 205 При примената на овие критериуми, треба да се разликуваат две фази. Пред тужената влада да добие известување за жалбата според правилото 54(2)(б) од Деловникот на Судот и да се побараат нејзини опсервации(исто така познато какокомуникација на жалбата), Судот може по сопствена иницијатива да ја прогласи жалбата за недопуштена врз основа на сите критериуми утврдени во членовите 34 и 35 од Конвенцијата. Во оваа фаза, товарот е на жалителот да покаже дека критериумите за допуштеност се исполнети. По комуника­цијата на жалбата, Судот, во принцип, ќе ги испита прашањата во врска со допуштеноста само доколку тужената влада покрене какви било приговори во однос на допуштеноста. Добро воспоставениот исклучок од ова правило е дека Судот може, во секое време во постапката, да разгледува прашања поврзани со критериумите за допуштеност, освен за неисцрпувањето на домашните правни средства. Имено, по комуникацијата, Судот нема да ги испитува прашањата коишто се однесуваат на неисцрпување на домашните правни средства, освен ако не се експлицитно покренати од владата. Оттука произлегува дека, во практика, неисцрпувањето на домашните правни средства е единствениот приговор во однос на допуштеноста којшто Судот не го испитува по сопствена иницијатива. Не постои одреден редослед по кој се применуваат критериумите за допуштеност. На при­мер, Судот често ќе утврди дека е непотребно да одлучува за прелиминарните приговори за неисцрпување на домашните правни средства кога може да биде поекспедитивно да се утврди дека предметната жалба е јасно неспоива ratione materiae или е очигледно не­основана. 2.2. Категории на жалители Правилата на ЕСЧП во однос на тоа кој може да биде жалител во постапката пред Судот не се рестриктивни, иако се неразделно поврзани со барањето дека жалителот мора да покаже дека е жртва на повреда на едно или повеќе права заштитени со Конвенцијата. Притоа, Судот не смета дека е обврзан со домашните правила во однос на locus standi , од причина што таквите правила може да служат на цел којашто е поинаква од целта на член 34 од Конвенцијата. Според член 34 од Конвенцијата, правото на индивидуална жалба може да го оствари: секое физичко лице, невладина организација или група поединци. Секоја од овие категории на жалители има свои специфични карактеристики. 206 Така, секое физичко лице, без оглед на: државјанството, живеалиштето, граѓанскиот статус или деловната способност, може да побара заштита на правата загарантирани со ЕКЧП против некоја држава која е членка на Конвенцијата, кога наводната повреда на­станала во рамки на надлежноста на засегнатата држава, во согласност со членот 1 од Конвенцијата. 207 Во овој случај: државјанството, живеалиштето, граѓанскиот статус или де­ловната способност се ирелевантни, а тестот што се применува е дали жалителот може да тврди дека бил жртва на повреда на правата на Конвенцијата. 205  Peacock v. the UK (dec.), no. 52335/12, 5 January 2016; Lee v. the UK (dec.), no. 18860/19, 7 December 2021. 206  Leach, supra note 17, p. 121-128. 207  Van der Tang v. Spain , Series A, No. 321,§ 53, 13 July 1995. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 51