средно по поднесувањето на жалбата, без оглед на фактот што жалителот сè уште може да тврди дека е жртва, 321 или дури и независно од тоа дали тој може, или не може да продолжи да бара статус на жртва. Во случај кога дошло до смрт на жртвата по поднесување на жалбата, сепак постапката пред Судот може да биде продолжена. Имено, и покрај тоа што жалбите може да бидат поднесени само од страна на живи лица или во нивна корист, смртта на жртвата не значи автоматско симнување на предметот од листата на предмети на Судот. Во принцип, жалбата поднесена од страна на првобитниот жалител пред неговата смрт може да биде продолжена од наследниците или членовите на потесното семејство, кои изразуваат желба да се продолжи со постапката, и под услов да имаат доволен интерес во однос на случајот. 322 Така, на пример, постапката може да ја продолжат: вдовицата и децата на починатиот жалител; 323 родителите на починатиот жалител; 324 невенчаниот или de facto партнер, 325 и слично. Меѓутоа, кога подносителот на жалбата починал во текот на постапката и никој не изразил желба да ја продолжи постапката, или лицата кои изразиле таква желба не се наследници или доволно блиски роднини на жалителот и не можат да покажат дека имаат друг легитимен интерес во однос на продолжувањето на постапката, Судот ќе ја симне жалбата од својата листа. 326 Сепак, во многу исклучителни случаи кога Судот смета дека почитувањето на човековите права, како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините протоколи, бара продолжување на испитувањето на случајот, Судот има овластување да го продолжи своето испитување за целите на заштитата на човековите права. 327 Овие овластувања се поврзани со постоењето на прашање од општ интерес. 328 Тие може да се појават особено тогаш кога жалбата задира во законодавството, или во правниот систем, или во практиката на тужената држава. 329 2.4. Процесни основи за недопуштеност Групата за допуштеност на жалбата, која се однесува на процесните основи за недопуштеност, е содржана во членот 35 на ЕКЧП. Во оваа група се вбројуваат следниве критериуми за оценување на допуштеноста на жалбата: неисцрпување на домашните правни средства; непочитување на рокот од четири месеци; анонимна жалба; суштински иста жалба; злоупотреба на правото на жалба. 321 Pisano v. Italy [GC], No. 48420/99,§ 39, 23 October 2001 – предметот е симнат од листата на предмети на Судот. 322 Hristozov and Others v. Bulgaria , Nos. 47039/11 and 358/12,§ 71, ECHR 2012.; Malhous v. the Czech Republic [GC], No. 33071/96, 12 July 2001; Ergezen v. Turkey , No. 73359/10,§ 30, 8 April 2014. 323 Raimondo v. Italy , Series A, No. 281-A2,§ 2, 2 February 1994; Stojkovic v. The Former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 14818/02,§ 25, 8 November 2007. 324 X v. France , Series A, No. 234-C,§ 26, 31 March 1992. 325 Velikova v. Bulgaria (dec.), No. 41488/98, ECHR 1999-V. 326 Léger v. France[GC], No. 19324/02,§ 50, 30 March 2009. 327 Karner v. Austria , No. 40016/98,§§ 25 et seq., ECHR 2003-IX. 328 Karner v. Austria , No. 40016/98,§ 27, ECHR 2003-IX; Marie-Louise Loyen and Bruneel v. France , No. 55929/00,§ 29, 5 July 2005. 329 Karner v. Austria , No. 40016/98,§§ 26& 28, ECHR 2003-IX.; Léger v. France [GC], No. 19324/02,§ 51, 30 March 2009. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 65
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten