Злоупотреба на правото на жалба од страна на жалителот ќе има и во случај кога жалителот постојано поднесува вознемирувачки или очигледно неосновани жалби до Судот, кои се слични со жалба што ја поднел во минатото, а која веќе била прогласена за недопуштена. 513 Судот нема задача да се справува со неосновани и непристојни жалби или со некое друго, очигледно навредливо однесување на жалителите или на нивните застапници, што создава работа за Судот. Имено, сето тоа е неспоиво со вистинските функции на Судот, согласно Конвенцијата. 514 Исто така, Судот може да утврди постоење на злоупотреба на правото на жалба кога жалбата, очигледно, има недостиг од вистинска цел и/ или се однесува на незначителна сума пари. 515 По стапувањето во сила на Протоколот 14, на 1 јуни 2010 година, ваквите жалби се разгледуваат поефикасно во согласност со членот 35(3)(б) на Конвенцијата, кој го предвидува постоењето на незначителна сума пари како основа за прогласување на жалбата за недопуштена. Пресудите и одлуките на Судот, како и случаите во однос на кои сè уште се постапува пред Судот, понекогаш се користат за целите на политичките говори на национално ниво во државите кои се договорни страни на Конвенцијата. Судот не може да утврди постоење на злоупотреба на правото на жалба само заради тоа што жалбата е инспирирана од желбата за публицитет или пропаганда. 516 Сепак, злоупотреба може да постои во случај кога жалителот, мотивиран од политички интереси, дава интервјуа за разни медиуми, во кои изразува неодговорни или несериозни ставови во однос на постапката што е во тек пред Судот. 517 за недопуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Судот Групата на критериуми за допуштеност на жалбата, која се однесува на надлежноста на Судот да решава по жалби од аспект на: ratione personae, ratione loci, ratione temporis и ratione materiae , има своја основа во член 35(3)(а), според кој„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на член 34, ако оцени дека жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или со нејзините протоколи…“, како и во член 32 од Конвенцијата, кој ја определува надлежноста на Судот. Според член 32 од Конвенцијата,„надлежноста на Судот се протега на сите прашања во врска со толкувањето и примената на Конвенцијата и на нејзините протоколи што ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите: 33, 34, 46 и 47“, додека„во случај на спор во врска со надлежноста на Судот, одлучува Судот.“ Имено, може да се каже дека концептот на неспоивост со одредбите на Конвенцијата има четири аспекти: a. Неспоивост на жалбата со одредбите на Конвенцијата заради ограничувањата во однос на тоа кој може да поднесе жалба и кој може да биде тужен( ratione personae) ; 513 M. v. the United Kingdom , No. 13284/87, Commission decision of 15 October 1987; Philis v. Greece , No. 28970/95, Commission decision of 17 October 1996. 514 Bekauri v. Georgia (preliminary objections), No. 14102/02,§ 21, 10 April 2012; Migliore and Others v. Italy (dec.), Nos. 58511/13 and 2 others, 12 November 2013; Simitzi-Papachristou and Others v. Greece (dec.), Nos. 50634/11 and 18 others, 5 November 2013. 515 Bock v. Germany (dec.), No. 22051/07, 19 January 2010. 516 McFeeley and Others v. the United Kingdom , no. 8317/78, Commission decision of 15 May 1980; Khadzhialiyev and Others v. Russia , No. 3013/04,§§ 66-67, 6 November 2008. 517 Georgian Labour Party v. Georgia , No. 9103/04, ECHR 2008. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 89
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten