2.4.1. Неисцрпување на домашните правни средства Обврската за исцрпување на домашните правни средства, како критериум за допуштеност, е предвидена во член 35(1) од Конвенцијата, според кој„Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, врз основа на општоприфатените принципи од меѓународното право...“. Оваа обврска, всушност, претставува дел од обичајното меѓународно право и е призната во судската практика на Меѓународниот суд на правдата. Исто така, содржана е и во други меѓународни договори за човекови права. 330 Овој критериум за допуштеност е во согласност со принципот на супсидијарност. Имено, ЕСЧП треба да има супсидијарна улога во однос на националните системи за заштита на човековите права, при што е соодветно на националните судови да им се даде можност да ги утврдат прашањата што се однесуваат на усогласеноста на домашното право со Конвенцијата, 331 односно да им се даде можност да ги спречат или да ги исправат евентуалните повреди на Конвенцијата. Во оваа смисла, доколку подоцна, сепак, биде доставена жалба до ЕСЧП, Судот треба да извлече корист од ставовите на националните судови, од причина што тој е во директен и континуиран контакт со националните власти во тие држави. 332 Сето ова се заснова врз претпоставката содржана во членот 13 од ЕКЧП, според кој националниот правен поредок ќе обезбеди право на ефективен правен лек за повреди на правата од Конвенцијата, без оглед дали Конвенцијата е инкорпорирана во домашното право. 333 Оцената дали домашните правни средства се искористени или не, обично се прави имајќи го предвид датумот кога жалбата е поднесена до ЕСЧП. Судот постојано ја нагласува потребата за примена на овој критериум со извесен степен на приспособливост и без прекумерен формализам, во контекст на заштитата на човековите права. 334 Овој критериум не е ниту апсолутен, ниту може автоматски да се применува. 335 Во случајот Financial Times Ltd and Others v. The United Kingdom , 336 Судот ги зел предвид тесните временски рокови што биле определени за одговорот на жалителите, притоа истакнувајќи ја итноста со која требало да ги достават своите поднесоци. Сепак, важно е да се истакне дека жалителите мора да ги почитуваат правилата и постапките на домашното право. Во спротивно, најверојатно нивната жалба нема да ги исполнува условите што се пропишани во членот 35 од Конвенцијата. 337 Притоа, се смета дека не се почитува членот 35(1) од Конвенцијата, доколку домашниот апелационен суд не ја прифати жалбата за испитување заради процедурална грешка причинета од страна на 330 European Court of Human Rights, supra note 240, p. 19. 331 A, B and C v. Ireland [GC], No. 25579/05,§ 142, ECHR 2010. 332 Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05,§ 42, ECHR 2008. 333 Akdivar v. Turkey, No. 21893/93,§ 65, 16.9.96. 334 Ringeisen v. Austria , Series A No. 13,§ 89, 16 July 1971; Lehtinen v. Finland (dec.), No. 39076/97, ECHR 1999-VII. 335 Kozacıoğluv. Turkey [GC], No. 2334/03,§ 40, 19.2.09. 336 Financial Times Ltd and Others v. the United Kingdom , No. 821/03,§§ 43-44, 15 December 2009. 337 Ben Salah Adraqui and Dhaime v. Spain (dec.), No. 45023/98, ECHR 2000-IV.; Merger and Cros v. France (dec.), No. 68864/01, 22 December 2004.; MPP Golub v. Ukraine (dec.), No. 6778/05, ECHR 2005-XI. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 66 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten