аспекти на првичните жалбени наводи кои биле поднесени со почитување на временскиот рок. 473 Во случај кога во првичната жалба не се дадени индикации за фактичката основа на жалбениот навод, ниту, пак, за природата на евентуалната повреда, самиот факт дека жалителот се повикал на членот 6 во својата жалба не е доволен за да послужи како основа за истакнување на сите подоцнежни жалбени наводи во согласност со тој член. 474 Исто така, обезбедувањето документи од домашната постапка не е доволно за да се смета како основа за истакнување на сите подоцнежни жалбени наводи кои се однесуваат на таа постапка. Потребно е да постои барем кратка индикација за природата на наводната повреда според Конвенцијата за да се поднесе жалба и на тој начин да се прекине течењето на рокот од четири месеци. 475 2.4.3. Анонимна жалба Според член 35(2)(а) од Конвенцијата,„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на членот 34, кога жалбата е анонимна...“. Имено, жалителот мора да биде уредно идентификуван во образецот за поднесување жалба. 476 Во спротивно, жалбата ќе биде отфрлена. Само Судот е надлежен да утврди дали жалбата е анонимна во смисла на член 35(2)(а). 477 Ако тужената влада се сомнева во автентичноста на жалбата, таа мора навремено да го извести Судот. 478 Судот утврдил дека жалбата се смета за анонимна кога списите на предметот не укажуваат на елементи што ќе му овозможат да го идентификува жалителот. 479 За анонимна се смета и жалбата којашто е поднесена од страна на здружение во име на неидентификувани лица, при што здружението не е жртва, туку се жали на повреда на правото на почитување на приватниот живот во корист на неидентификувани поединци, кои на овој начин станале жалители и изјавиле дека се застапувани од здружението. 480 Исто така, Судот може да одлучи дека идентитетот на жалителот не треба да се објави јавно. 481 Имено, во некои случаи, жалителите може да имаат многу добри причини заради кои не сакаат да биде откриен нивниот идентитет. Во такви случаи, податоците за жалителот, вклучувајќи го: неговото име, адреса, датум на раѓање, националност и занимање, ќе мора да бидат наведени во образецот за поднесување жалба до Судот, но жалителот може да побара доверливост. Доколку барањето на жалителот за доверливост се прифати од страна на Судот, жалителот ќе биде назначен во извештаите за случајот со неговите иницијали, или само со буква. 473 Sâmbata Bihor Greek Catholic Parish v. Romania, No. 48107/99, 12 January 2010. 474 Allan v. the United Kingdom (dec.), No. 48539/99, 28 August 2001.; Adam and Others v. Germany (dec.), No. 290/03, 1 September 2005. 475 Bozinovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), No. 68368/01, 1 February 2005. 476 Правило 47(1)(а) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 477 Sindicatul Păstorul cel Bun v. Romania [GC], No. 2330/09,§ 69, ECHR 2013. 478 Ibid. 479 Blondje v. the Netherlands (dec.), No. 7245/09, ECHR 2009. 480 Federation of French Medical Trade Unions and the National Federation of Nurses v. France (dec.), No. 10983/84,Commission decision of 12 May. 481 Правило 47(4) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 84 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten