на„новите релевантни факти“. Така, жалителот чија жалба претходно била прогласена за недопуштена заради неисцрпување на домашните правни средства, може повторно да го поднесе случајот до ЕСЧП, откако ќе ги искористи ефективните домашни правни средства. Исто така, може да постојат нови информации за фактите, или нови случувања во домашните постапки, што може да ја оправдаат натамошната жалба, како што е зголеменото времетраење на домашните постапки. 489 Притоа, треба да се има предвид дека дополнителните правни аргументи не претставуваат„нови релевантни факти“. 490 Вториот дел од член 35(2)(б) има за цел да ја избегне ситуацијата кога неколку меѓународни тела истовремено се занимаваат со жалби кои се суштински исти. Ситуацијата од овој вид би била неспоива со духот и словото на Конвенцијата, која се обидува да избегне плурализам од меѓународни постапки кои се однесуваат на исти случаи. 491 При утврдувањето дали неговата надлежност е исклучена врз основа на оваа одредба од Конвенцијата, Судот ќе треба да одлучи дали жалбата пред него е суштински иста како жалбата која веќе е доставена пред друга меѓународна инстанца и, ако е така, дали истата може да се смета за„доставена до друга меѓународна истражна или судска инстанца“ во смисла на член 35(2)(б) од Конвенцијата. 492 Притоа, Судот ќе потврди дека не е одлучувачки датумот на иницирање на паралелен сет на постапки, туку дали одлуката за основаноста веќе била донесена во таа постапка до моментот кога го разгледува случајот. 493 2.4.5. Злоупотреба на правото на жалба Според член 35(3)(а) од Конвенцијата,„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… со неа се злоупотребува правото на индивидуална жалба…“. Притоа, поимот„злоупотреба“, во смисла на членот 35(3) (a), мора да биде сфатен во неговата вообичаена смисла во согласност со општата правна теорија, односно како погрешна примена на правото за цели поинакви од тие за кои е предвидено. 494 Имајќи ја предвид дефиницијата на поимот„злоупотреба“, би можело да се заклучи дека злоупотреба на правото на жалба би претставувало секое однесување на жалителот што е очигледно спротивно на целта на правото на индивидуална жалба, онака како што е предвидено со ЕКЧП, и со тоа го попречува нормалното функционирање на Судот или правилното водење на постапките пред него. 495 Доколку Судот утврди злоупотреба на правото на жалба, ќе ја отфрли жалбата како недопуштена, согласно член 35(3)(a) од Конвенцијата. Случаите во кои Судот открил злоупотреба на правото на жалба може да се групираат во пет типични категории: 496 информации што доведуваат до заблуда; користење навредлив јазик; повреда на обврската за зачувување на доверливоста на постапката за прија489 X v. United Kingdom , No. 8233/78,(dec.) 3.10.79, 17 DR 122; Vallan v. Italy, No. 9621/81,(dec.) 13.10.83. 490 X v. United Kingdom , No. 8206/78,(dec.) 10.7.81, 25 DR 147. 491 OAO Neftyanaya Kompaniya Yukos v. Russia , No. 14902/04,§ 520, 20 September 2011. Eğitim ve Bilim Emekçileri Sendikası v. Turkey , No. 20641/05,§ 37, ECHR 2012. 492 OAO Neftyanaya Kompaniya Yukos v. Russia , No. 14902/04,§ 520, 20 September 2011. 493 Peraldi v. France (dec.), No. 2096/05, 7 April 2009. 494 European Court of Human Rights, supra note 240, p. 37. 495 Miroļubovs and Others v. Latvia , No. 798/05,§§ 62& 65, 15 September 2009; S.A.S. v. France [GC], No. 43835/11,§ 66, ECHR 2014. 496 European Court of Human Rights, supra note 240, p.37-40. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 86 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten