Генерално, не е можно да се поднесуваат жалби до ЕСЧП во врска со одлуки на меѓународни организации. Сепак, преносот на државната власт на меѓународна организација не мора неопходно да ја исклучува одговорноста на државата, затоа што во спротивно, гаранциите од Конвенцијата лесно би можеле да бидат исклучени или ограничени. Така, во случаи кои се однесуваат на преместувањето на жалителите во Европската вселенска агенција, Судот го истакнал принципот дека кога државите воспоставуваат меѓународни организации и им даваат овластувања и имунитет, можно е да има импликации за човековите права, па токму од овие причини би било неспоиво со целите на Конвенцијата, доколку државите кои се договорни страни на Конвенцијата на тој начин се ослободат од нивната одговорност според Конвенцијата. 566 Во случајот Bosphorus Hava Yollari Turizm Ve Ticaret AS v. Ireland , 567 кој се однесува на запленувањето на закупениот авион на жалителот во Ирска, како резултат на директно ефективна регулатива на Европската заедница во врска со имплементирањето на санкциите на ОН во однос на тогашната Федерална Република Југославија, Судот утврдил дека жалбата е споива ratione loci . Имено, со оглед на тоа што мерките биле преземени од страна на ирските власти на нивна територија, врз основа на одлука на министерот за транспорт, Судот утврдил дека компанијата жалител е во надлежност на тужената држава, па заради тоа нејзината жалба била споива ratione loci , ratione personae и ratione materiae со Конвенцијата. Во секој случај, како што веќе беше претходно објаснето, доколку се утврди недостаток од надлежност ratione loci , тоа не значи дека Судот не треба да испита дали жалителите се под надлежност на една или повеќе држави кои се договорни страни, во смисла на членот 1 од Конвенцијата. 568 Така, приговорите во однос на тоа што жалителите не биле под надлежност на тужената држава ќе бидат истакнати како барања за неспоивост на жалбите ratione personae со Конвенцијата(поднесоците на одговорните влади во Banković and Others v. Belgium and Others ; 569 Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia ; 570 Weber and Saravia v. Germany 571 ). 572 2.5.3. Неспоивост ratione temporis Споивоста ratione temporis бара наводните повреди на Конвенцијата да настанале по стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на засегнатата држава која е договорна страна на Конвенцијата. Имено, принципот на непостоење на ретроактивно дејство на договорите, како едно од општите правила на меѓународното право, наложува одредбите од Конвенцијата да не ја обврзуваат државата која е договорна страна во однос на кое 566 Beer and Regan v. Germany [GC], No. 28934/95, 18 February 1999; Waite and Kennedy v. Germany [GC], No. 26083/94, ECHR 1999-I. 567 Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], No. 45036/98, ECHR 2005-VI. 568 Drozd and Janousek v. France and Spain , Series A No. 240,§ 90, 26 June 1992. 569 Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99,§ 35, ECHR 2001-XII. 570 Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 300, ECHR 2004-VII. 571 Weber and Saravia v. Germany (dec.), No. 54934/00, ECHR 2006-XI. 572 European Court of Human Rights, supra note 240, p. 46. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 95
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten