цијата, 603 под услов предметното прашање да спаѓа во опфатот на резервацијата, 604 како и резервацијата да се смета за валидна од страна на Судот во согласност со членот 57 од Конвенцијата. 605 2.6. Основи за недопуштеност кои се однесуваат на основаноста Групата на критериуми за допуштеност на жалбата, која се однесува на основаноста, е содржана во членот 35(3) од Конвенцијата. Така, според член 35(3)(а),„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… очигледно е неоснована…“. Во оваа група спаѓа и критериумот за допуштеност кој се однесува на значителноста на претрпената штета и истиот е содржан во член 35(3)(б), според кој„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… подносителот не претрпел значителна штета…“. 2.6.1. Очигледна неоснованост Жалбата може да биде прогласена за недопуштена заради тоа што е очигледно неоснована, доколку прелиминарното испитување не покаже prima facie основа дека имало повреда на правата што се заштитени со Конвенцијата. 606 Имено, дури и кога жалбата е споива со одредбите на Конвенцијата и ги исполнува сите формални услови за допуштеност, Судот, сепак, може да ја прогласи за недопуштена од причини кои се однесуваат на нејзината основаност. Ова значи дека доколку жалбата е очигледно неоснована, тоа ќе доведе до нејзино прогласување за недопуштена уште на почетокот, без да се пристапи кон формално испитување на нејзината основаност, што вообичаено би завршило со донесување на пресуда од страна на Судот. 607 Во пракса, ова барање претставува прелиминарен тест во однос на основаноста, при што голем број случаи се прогласени за недопуштени врз оваа основа. Всушност, се работи за механизам за филтрирање, кој има за цел да ги искорени најслабите случаи и кој претставува неизбежен дел од системот на ЕКЧП, имајќи го предвид големиот број случаи со кои Судот треба да се справи. Овој критериум за недопуштеност произлегува од принципот на супсидијарност, како еден од основните принципи врз кои се темели системот на ЕКЧП. Имено, како што беше претходно објаснето, ова значи дека задачата да се обезбеди: почитување, заштита и имплементирање на правата кои се заштитени со Конвенцијата е првенствено обврска на органите на државите кои се договорни страни на Конвенцијата. Домашните органи, заради своите директни и постојани контакти со виталните сили на нивните држави, се во најдобра позиција да ја утврдат фактичката состојба и да го толкуваат правото на домашно ниво, при што имаат можност да дејствуваат со цел да се исправат наводни повреди на Конвенцијата. 608 Во оваа смисла, Судот повеќе пати истакнал дека неговата улога не се состои во справување со грешки кои, наводно, се направени од страна на домашните 603 Benavent Díaz v. Spain (dec.), No. 46479/10, 31 January 2017. 604 Göktan v. France , No. 33402/96,§ 51, ECHR 2002-V. 605 Grande Stevens and Others v. Italy , Nos. 18640/10 and 4 others,§ 206 et seq., 4 March 2014. 606 Leach, Philip, supra note 17, p. 183. 607 European Court of Human Rights, supra note 240, p. 54. 608 Dubská and Krejzová v. the Czech Republic [GC], Nos. 28859/11 and 28473/12,§ 175, ECHR 2016. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 101
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten