1. Вовед: Според најновите статистики од Државниот завод за статистика за 2025 година, 1 жените во земјата претставуваат значително мнозинство од економски неактивното население, односно 44,2% од жени те кои се способни за работа не се ниту вработени ниту бараат работа. Повеќе од половината од овие жени не бараат вработување заради семејни обврски и/или обврски за грижа. Од друга страна, само околу 4% од економски неактивните мажи не бараат работа заради истата причина. Според анкетите на работна сила, 2 повеќе од една половина од економски неактивните жени припаѓа ат на категоријата домаќинки. За споредба, 0% од економски неактивните мажи се домаќини. Ната мошната поделба на класификацијата на улогата на домаќинки кај неактивните жени укажува дека големо мнозинство – околу три четвртини – се навистина домаќинки, во вистинска смисла на зборот, т.е. ги вршат домашните работи. Втората најважна улога е таа на негувателките: 12,2% од домаќинките изјавиле дека се грижат за децата, додека 1,2% за возрасните на кои им е потребна. 3 Недостатокот од детски градинки коишто би се грижеле за децата под 6 години, директно влијае врз неактивноста на жените на пазарот на трудот и нивното економско јакнење. Според последните пода тоци на Државниот завод за статистика, 4 во 2023 година во државните градинки биле згрижени вкупно 36.291 дете. Во Извештајот за напредокот на земјата на ЕК за 2024 година е наведено дека овој капаци тет опфаќа 34,5% од децата на возраст од 0 до 6 години и 45,5% од децата на возраст од 3 до 6 години. 5 Тоа е далеку под целната стапка на ЕУ од 95% за деца во предучилишно образование, а уште подалеку од ревидираната препорака на Советот на ЕУ до државите да обезбедат згрижување на најмалку 96% од децата на возраст од 3 до 6 години, до 2030 година, a согласно поставените цели во Европската обра зовна област. 6 Според официјалните статистики, во 2023 година, 60,2% од сите деца во ЕУ од раѓање до возраста на започнување на задолжителното основно образование, посетувале градинка, од кои 94,6% од децата на возраст од 3 години до возраста за задолжително образование, посетувале градинка. 7 Од друга страна, пак, минимална е поддршката што новите родители ја добиваат на национално и ло кално ниво, како од финансиски, така и од социјален аспект. Износот на еднократната парична помош на национално ниво за прво родено дете изнесува 5.000 денари. За второ родено дете, еднократната помош изнесува 20.000 денари. Износот на оваа еднократна помош се усогласува со порастот на тро шоците за живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Некои општини во земјата обезбедуваат еднократна финансиска помош, но таа се разликува од општи на, до општина. Сепак, овие мерки не се прилагодени на финансиските потреби на семејствата според нивната економско-социјална состојба, а новите родители често не се информирани за постоењето на овие мерки на локално ниво. 1 Државен завод за статистика, активно население, второ тримесечје 2025 година, достапно на следниот линк: Активно население, второ тримесечје 2025 година. 2 Државен завод за статистика – Анкета на работната сила, 2023 година. 3 Зад завесата: Културните норми, родовите стереотипи и ставовите за работата ја обликуваат неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија, авторка: Благица Петрески Финанце тхинк – Институт за економски истражувања и политика, Скопје, достапно на следниот линк: PolicyStudy-Nr.-52-MK-1.pdf 4 Статистички годишник на Република Северна Македонија 2024, достапен на следниот линк: SG2024-web.pdf 5 Прогрес извештајот на ЕК за Република Северна Македонија за 2024 година е достапен на следниот линк: 5f0c9185-ce46-46fc-bf44-82318ab47e88_en 6 Поставените седум цели на Советот на ЕУ во Европската образовна област се достапни на следниот линк: Policy context- Education and training- Eurostat 7 Еуростат – Статистики за предучилишно образование во ЕУ До родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата 5
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten