градинки во Република Северна Македонија 4.1 Опфат на деца до шестгодишна возраст според општина Официјалните податоци покажуваат дека државата има ограничен опфат на деца до шестгодишна во зраст, со вкупно згрижени 36.291 дете, односно 34,5% од децата на возраст од 0, до 6 години и 45,5% од децата на возраст од 3, до 6 години. Ова значи дека 75.874 деца во државата остануваат невклучени во предучилишното образование во државата 12 . Ова е генерално резултат на нерамномерниот развој во државата и несоодветното планирање, заради што има општини во кои сè уште не постојат градинки, како и општини кои се соочуваат со пренатрупаност и недоволни капацитети за да ги задоволат по требите на семејствата за вклучување на децата во градинките. Особено е критичен фактот што во 12 рурални општини во државата нема јавна установа за згрижување и воспитание на деца формирана од страна на општината – детска градинка, што остава над 7.000 деца од руралните средини исклучени од предучилишното образование. Тоа се општините: Дебрца, Долнени, Градско, Желино, Зелениково, Маврово и Ростуше, Могила, Пласница, Ранковце, Студеничани и Центар Жупа. 13 Општини во кои нема градинки формирани од страна на општината: Општина Дебрца Долнени Градско Желино Зелениково Маврово и Ростуше Могила Пласница Ранковце Старо Негоричане Студеничани Центар Жупа Вкупно Тип на општина Рурална Рурална Рурална Рурална рурална рурална рурална рурална рурална рурална рурална рурална Број на жители 3.582 3.165 13.128 19.226 3.389 5.007 5.211 4.217 3.419 3.391 22.621 3,714 90.070 Tабела 1 Број на деца од 0, до 6 години 190 191 1.002 1.763 317 241 262 222 225 195 2.911 252 7.771 12 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност: ,,Јавни инвестиции за обезбедување капацитети и услови за детска заштита во детските градинки“ – Државен завод за ревизија, 2025 година, достапен на следниот линк: 66_Javni_investicii_za_obezbeduvanje_kapaciteti_uslovi_zastita_detski_gradinki_2024.pdf 13 Овие податоци се добиени со вкрстување на податоците добиени од општините преку барањата за информации од јавен карактер и податоците од извештајот на Државниот завод за ревизија. 10
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten