Buch 
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Во однос на поддршката што ја добиваат родителите на локално ниво, доста важни се и општинските служби за млади, кои имаат клучна улога во помошта и спроведувањето на издршката за децата, што е особено важно за жените жртви на семејно насилство и самохраните мајки. Доколку еден родител не плаќа издршка за децата, државата преку овие локални центри исплаќа привремен надомест, а потоа се обидува да ги наплати тие средства од должникот. Овие центри, исто така, нудат и: советување, по ­средување и правна помош за родители во вакви ситуации. 7.3 Србија Иако еднократната финансиска поддршка не е најефикасна мерка за поддршка на семејствата, во отсу ­ство на соодветна системска инфраструктура за долгорочна поддршка, сепак може да биде мерка што ќе биде дел од поголема социјална реформа што ќе обезбеди економија на грижа. Србија во изминатиот период предвиде две мерки коишто се однесуваат на директна финансиска под ­дршка на новите родители. Првата се однесува на финансиски субвенции за вклучување на децата во приватни градинки, доколку нема место во државните градинки. Оваа мерка се обезбедува од страна на буџетот на општините коишто плаќаат 80% од цената за приватната градинка, додека родителите плаќаат максимум 20%. 34 Втората мерка се однесува на зголемување на износите за еднократна парична помош на новите ро ­дители. Во јули 2024 година, Србија воведе значајни промени во својот систем за родителски додаток, како што е дефинирано во Законот за финансиска поддршка на семејства со деца. 35 Овие промени се воведени со цел да се подобри поддршката за семејствата со деца, а тоа, воедно, позитивно да влијае на подобрување на демографската слика во земјата. Овој Закон предвидува родителскиот додаток да се доделува на мајките за: прво, второ, трето и четврто дете. Условот е тие да се државјани на Република Србија и да живеат во земјата. Износите на родителскиот додаток покриваат значителен дел од тро ­шоци за новороденче, па така: - За прво дете се обезбедува еднократна исплата од 380.161,59 динари(приближно 3.300 евра). - За второ дете вкупно 337.225,46 динари(приближно 2.870 евра) кои се исплаќаат на 24 рати. - За трето и четврто дете износите се значително поголеми, па така за трето дете изнесува 2.023.352,80 динари(приближно 17.220 евра) и за четврто дете: вкупно 3.035.029,19 динари(при ­ближно 25.830 евра), кои се исплаќаат на 120 еднакви месечни рати. Земајќи предвид дека минималната плата во Србија изнесува 550 ЕУР 36 овие износи се во висина од шест минимални плати за прво дете; 5,3 минимални плати за второ дете. Износите за трето дете се еднакви на 32 минимални плати, додека за четврто дете се околу 50 минимални плати. Бидејќи Србија се соочува со негативен наталитет 37 , оваа мерка се очекува да ја подобри демографската слика, затоа што Законот не дискриминира и обезбедува поддршка за сите родители. Бидејќи Законот е донесен во 2025 година, останува процената на ефектите од неговата имплементација да се направат по извесен временски период. 7.4  Црна Гора Црна Гора обезбеди доживотен месечен надоместок во износ од 70% од просечната нето-плата во Црна Гора за жени кои родиле три или повеќе деца. 38 34  Europian Social Charter Serbia, March 2024, 1680aedd1a 35  ZAKON O FINANSIJSKOJ PODRŠCI PORODICI SA DECOM(Sluzbeni glasnik RS, 11/2024- odluka US i 79/2024 https://www.paragraf.rs/propisi/zakon-o-fi­nansijskoj-podrsci-porodici-sa-decom.html 36  Достапно на следниот линк: https://www.bbc.com/serbian/articles/c62zxjzd6pko/lat 37  Достапно на следниот линк: https://www.rts.rs/lat/vesti/drustvo/5740813/broj-stanovnika-natalitet-srbija.html 38  Zakon o dopunama Zakona o socijalnoj i dječjoj zaštiti, Broj: 01-1304/2 Podgorica, 30. decembra 2014. God, Skupština Crne Gore https://www.csrcg.me/imag­es/Dokumenti/Zakoni/Zakon%20o%20dopunama%20Zakona%20o%20socijalnoj%20i%20dječjoj%20zaštiti.pdf 24