Buch 
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

од земјите во Западен Балкан и Европската Унија 7.1  Словенија Словенија може да се прикаже како една од најдобрите примери во Европа во социјалните области, посебно во областа за грижата за семејството и поддршка на родителите. Тоа вклучува повеќе аспекти коишто се однесуваат на поддршка на семејствата, почнувајќи од: должината на родителското отсуство и за мајките и татковците, висината на финансиската исплата за родителското отсуство, како и допол ­нителната финансиска и социјална поддршка за родителите. Во однос на поддршката на локално ниво, постојат и најразлични програми и сервиси за поддршка на семејствата 32 , со кои се намалуваат социјалните нееднаквости, се зајакнува положбата на ранливите се ­мејства и се зајакнува социјалната инклузија на семејствата. Па, така, постојат: семејни центри, центри за психо-социјална поддршка на адолесценти и деца, како и мултигенерациски центри. Во семејните центри се организираат едукативни и работилници за развивање вештини за позитивно родителство, активности за деца за време на летниот распуст, или, пак, овозможуваат повремена грижа за децата. Цeнтрите за психо-социјална поддршка служат како еден вид советувалишта, каде се спроведуваат: програми за личен развој, меѓусебна комуникација, намалување на стресот и проблеми кои ги таргети ­раат младите, но и семејствата. Активностите во мултигенерациските центри се насочени кон ранли ­вите семејства, со цел да се подигне квалитетот на живот на овие ранливи групи и да се спречи нивна социјална исклученост или запаѓање во сиромаштија. 33 7.2  Германија Покрај федералните(државни) мерки кои Германија ги предвидува, како што се: надоместокот за дете без разлика на приходите на семејството, надоместокот за родители и различните можности за флекси ­билно или пола работно време субвенционирано од државата, општините и сојузните покраини имаат многу важна улога во спроведувањето на поддршката за семејствата, особено во делот на згрижување и воспитување на децата, локалните социјални услуги и финансиската помош. Општините се одговорни за голем дел од јавните градинки и центри за дневна грижа. Тие често ги субвенционираат трошоците, односно во повеќе покраини и градови веќе е воведена бесплатна или намалена наплата за престој во градинка, особено за последните години пред училиштето или за се ­мејства со пониски приходи. Износот што го плаќаат родителите зависи од: висината на приходите, возраста на детето, бројот на часови дневно и бројот на деца во семејството. Родители кои примаат социјални бенефиции, често се ослободени од плаќање или плаќаат значително намален надомест. Дополнително, воведена е федерална програма што ја спроведуваат локалните општински служби чија цел е да им помогнат на децата од семејствата со ниски приходи –преку покривање на трошоците за: училиштен прибор, оброци, екскурзии, спортски и културни активности. Некои општини нудат и допол ­нителни локални програми на пример: субвенции за превоз до училиштето, поддршка за самохрани родители или еднократна помош за школски трошоци. 32  Family support programmes, Government of Sloveniа https://www.gov.si/en/policies/familiy-children-and-marriage/family-support-programmes/ 33  Id. До родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата 23