3. Правна и институционална анализа За потребите на овој документ беше направена анализа на повеќе закони и подзаконски акти кои се од несуваат на обврските за раната грижа и образование за децата и воспоставување на услуги и мерки за поддршка на децата и родителите, вклучително и во делот на вработувањето, со фокус на обврските на општините. 3.1 Закон за заштита на децата(ЗЗД) 8 Системот за заштита на децата се уредува преку ЗЗД, а во делот на предучилишната возраст се реа лизира преку јавни и приватни установи – детски градинки и центри за ран детски развој. Заштитата на децата е организирана дејност заснована врз правата на децата, како и врз правата и обврските на родителите за планирање на семејството и врз обврските на државата и единиците на локалната само управа за водење хумана популациона политика. Оттука, со законот се презема обврската на државата за згрижување на децата, за да можат родителите да бидат ослободени од обврските за грижа и нега, а особено мајките(бидејќи неплатениот труд за грижа за децата во најголем дел е на товар на мајките) и да можат активно да се вклучат на пазарот на трудот. Истовремено, заштитата на децата се остварува со обезбедување услови и квалитетна грижа и нега што одговара на нивните интереси и што го поттикнува нивниот: физички, ментален, емоционален, морален и социјален развој. Во пракса ова значи дека згрижувањето на децата во градинка треба да обезбеди квалитетна грижа која позитивно ќе влијае врз развојот на децата, со спроведување на со одветна програма и со доволен број на вработени лица. Во однос на обврската за обезбедувањето на заштитата на детето и неговите права утврдени со овој закон, споменати се: родителите, семејството, старателите на детето и згрижувачкото семејство, но и сите државни институции и институции на еди ниците на локалната самоуправа. Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст може да го вршат правни и физички лица на територијата на Република Северна Македонија чија основна деј ност е вршење работи поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Тоа генерално се: детски градинки, кои можат да бидат државни и приватни, центри за ран детски развој и агенции за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште, до десетгодишна возраст. Детската градинка може да биде основана како јавна детска градинка и детска градинка во приватна сопственост. Јавна детска градинка се основа од страна на советот на општината, Советот на општината во градот Скопје и Владата, со одлука за основање на јавна детска градинка, по претходно обезбедено мислење од министерството, односно на предлог на министерството за јавна детска градинка основана од Владата. Јавната детска градинка се основа како јавна установа. Јавната детска градинка има статут со кој се пропишува: нејзината организација, начин на работа, управување и раководење. Средствата за основање и работа на установата ги обезбедува основачот. Детската гра динка запишува и прима деца врз основа на пријави преку целата година. Во однос на правата од детска заштита, ЗЗД предвидува повеќе права за заштита на децата, и тоа: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за дете, додаток за образование и партиципација. Во однос на еднократна парична помош за новороден че, истата се обезбедува на семејство за прво и второ новородено дете. 8„Службен весник на Република Македонија“, бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и„Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 104/19, 146/19, 275/19 и 311/20) 8
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten