2. Методолошка рамка: Главните прашања коишто ќе бидат одговорени во оваа анализа се следните: • Кои се моменталните капацитети за згрижување на деца на предучилишна возраст? • Какви мерки вклучуваат општините за поддршка на новите родители? • Какви мерки вклучуваат општините за семејствата коишто се во социјален ризик(семејства коишто се соочуваат со сиромаштија и самохрани родители)? • Какви мерки вклучуваат општините за поддршка на невработени жени и нивно вклучување на па зарот на трудот? • Кои се добрите практики од државите во ЕУ и во регионот коишто може да се следат и во нашиот контекст, а во однос на поддршка за грижа на децата и подобрување на социјалната сигурност на родителите, особено жените? • Кои конкретни мерки може да ги преземат општините за подобрување на поддршката за грижа на децата и семејствата, врз основа на добиените податоци? Податоците коишто беа употребени при подготовката на овој документ вклучуваат примарни и секун дарни податоци, добиени на повеќе начини, и тоа: • Деск истражување коешто вклучи: Анализа на закони и подзаконски акти со кои се уредува заштитата на децата и нивното вклучу вање во предучилишното образование, различните додатоци и надоместоци за издржување на деца во Република Северна Македонија, како и уредувањето на локалната самоуправа и рамно мерниот регионален развој и обврските на институциите за обезбедување еднакви можности на жените и мажите на локално ниво; Анализа на програми и акциски планови за еднакви можности и социјална заштита на општини те; Достапни анализи и истражувања во делот на достапност на градинки на локално ниво и достап ни мерки за поддршка на родители и различни типови на семејства; Достапни демографски податоци од Државниот завод за статистика и Државниот завод за реви зија на Република Северна Македонија и Евростат. • Барања за информации од јавен карактер Барањата за информации од јавен карактер беа основниот начин за прибирање на примарни по датоци од општините. Овие барања беа испратени до 80 општини и Градот Скопје, како посебна организациона единица, а одговори беа добиени од 70 општини. Податоците добиени од страна на општините се детално прикажани во анализата. До родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата 7
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten