донија“. Па, така, 14(четиринаесет) општини 23 одговориле дека децата Роми се ослободени од плаќање на надомест за градинка. Оваа мерка претставува позитивен пример на интерсекциски пристап во вклучувањето, по етничка припадност, но и социјалниот статус како категорија. Во општина Битола е воведена родово сензитивна мерка, која предвидува ослободување од надомест за деца(од семејства) жртви на семејно насилство. Ослободување за деца жртви на семејно насил ство е една експлицитна родово сензитивна мерка бидејќи директно го адресира родово базираното насилство. Мерките за самохрани родители, исто така, може да се сметаат како родово сензитивни, би дејќи поголемиот дел од самохраните родители се жени, односно 4,94% од вкупниот број на семејства се самохрани мајки(жени) наспроти 1,74% самохрани татковци(мажи). 24 Ова значи дека над 26.000 се мејства се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над 9.000 семејства се сам татко со најмалку едно дете под 25 години. Оттука, ваквата мерка влијае на намалување на родовиот јаз во пристапот до услуги за овие родители, особено доколку се земе предвид дека стапката на сиромаштија на самохра ните родители е проценета на 51,8%. 25 При анализа на мерките, може да се заклучи дека тие најчесто таргетираат социјално ранливи ка тегории(како, на пример: самохрани родители, семејства во социјален ризик, деца со попреченост). Меѓутоа, родово сензитивниот пристап изостанува – експлицитно е наведена само мерката во Би тола(жртви на семејно насилство), воедно и мерките за самохрани родители имаат родова димензија, земајќи предвид дека поголемиот број на самохрани родители се мајки(жени). Препорака е воведувањето системски родово сензитивни мерки во општините, со кои ќе се препо знаат специфичните бариери со кои се соочуваат жените при згрижувањето на децата, а со тоа ќе се овозможи и нивно вклучување на пазарот на трудот. Во однос на прашањето:„ Дали општината обезбедува хигиенски средства(влажни марамчиња, бришачи, итн.) за потребите на градинките?“ само седум од општините одговориле потврдно, дека обезбедуваат хигиенски средства за градинките. Тоа се општините: Аеродром, Битола, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Маврово и Ростуше, Сопиште и Шуто Оризари. Во овие општини родителите не се изло жени на дополнителен трошок за своите деца во градинка што произлегува од купување на горена ведените производи. Дополнително, општините: Кавадарци Куманово, Брвеница одговориле дека во блок дотациите издвојуваат дел за хигиенски средства. Од горенаведеното може да се заклучи дека трошокот за влажни марамчиња, бришачи и слично, паѓа на товар на родителите и дополнително го оптоваруваат нивниот семеен буџет. 4.4. Финансиски субвенции за грижа на дете Во однос на прашањето дали постојат финансиски субвенции за грижа на дете кога нема место во градинка, сите општини одговорија негативно. Значи, доколку во општината во која живеете нема градинка или, пак, нема слободно место, целокупниот план и трошок за грижа околу детето паѓа на товар на родителот. 23 Општини каде децата Роми се ослободени од плаќање партиципација: Берово, Велес, Виница, Гази Баба, Дебар, Кавадарци, Куманово, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Тетово, Штип, Карпош, Кочани. 24 Статистички атлас – Попис 2021 година, достапно на следниот линк: Statistichki-atlas-mk-al-web.pdf 25 Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2022 година – Државен завод за статистика, 2025 година, достапно на следниот линк: 4.1.25.29_mk.pdf 18
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten