Работата во детската градинка се организира во зависност од возраста на децата во хомогени групи, и тоа: до 12 месеци – од шест, до осум деца; над 12, до 18 месеци – од осум, до десет деца; над 18 месеци, до две години – од десет, до 12 деца; над две. до три години – од 12, до 15 деца; над три, до четири години – од 15, до 18 деца; над четири, до пет години – од 18, до 20 деца; и над пет, до шест години – од 20, до 25 деца. Кога во местото на живеење нема јавна детска градинка, а родителите имаат интерес за вклучување во детска градинка на одреден број деца, законот дозволува формирање на група од градинка од најблис ката општина или, пак, склучување на концесија или јавно-приватно партнерство со приватни устано ви кои обезбедуваат згрижување на деца од предучилишна возраст. Во однос на работното време на градинката, истото се утврдува од страна на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, кога таа е основана од општината, а за јавна установа за деца основана од Владата, Министерот на МСПДМ. Работното време, како и бројот и типот на вработени во градинки те понатаму подетално се уредуваат врз основа на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца. 9 Важно е да се спомене дека овој Правилник предвидува воведување и на втора смена како работно време на градинките, кога ќе се утврдат такви потреби. Важно е да се спомене дека Законот за заштита на децата, во член 84, предвидува можност физички лица да можат да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст како професионална дејност, кои, меѓу другите услови, мораат да имаат активна лиценца за негувател. 3.2 Закон за локалната самоуправа 10 Според Законот за локалната самоуправа, општините се надлежни за социјалната заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари(сопственост, финансирање, инвестиции и одржување), остварување на социјална грижа за лицата со попреченост, децата од еднородителски семејства, деца та на улица, како и остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Ова зна чи дека општините имаат надлежност да формираат градинки, да градат и да ги одржуваат. Во делот на економското јакнење, општината има надлежност да ја води локалната економска политика, да дава поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво. 3.3 Закон за еднаквите можности на жените и мажите 11 Со овој Закон се уредува: воспоставувањето на еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите, основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, правата и обврските на одговорните субјекти за обезбедување на еднакви можности на жените и ма жите, постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите. Единиците на локалната самоуправа за постигнување на целите на овој Закон, во рамките на своите надлежности се должни: да го почитуваат принципот на еднакви можности и да ги промовираат и уна предуваат еднаквите можности на жените и мажите преку преземање на основни и посебни мерки и да изработуваат годишен план во кој ќе ги утврдат основните и посебните мерки. Исто така, должни се: во рамките на своите стратешки планови и буџети да го вклучат принципот на еднакви можности на жените и мажите, да ги следат ефектите и влијанието на нивните програми врз жените и мажите и да известуваат во рамките на своите годишни извештаи. Врз основа на ваквите обврски, општините подготвуваат стратегии за родова еднаквост и акциски планови за спроведување на стратешките цели. Дополнително, општините треба да вклучуваат активности и мерки за родова еднаквост и во остана тите стратешки документи и програми кои ги носат, вклучително и во делот на: социјална заштита, здравство и образование. 9 Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца(„Службен весник на РМ“, бр. 28/14; бр. 40/14......и„Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 110/22), достапен на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/pravilnicidetska/standardi_gradinki. pdf 10„Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 5/2002 и бр. 202/2024 11„Службен весник на Република Македонија“, бр. 6/2012 и бр. 166/2014 До родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата 9
Buch
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten