Buch 
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

8. Препораки Врз основа на анализираните податоци добиени од општините, како и документите кои беа достапни за анализа, произлегуваат следниве препораки кои ќе ја зајакнат положбата на жената на локално ниво, преку нејзино поголемо учество во јавниот и економскиот живот. Препораките се поделени по области. Сите препораки водат кон: подобрена економија за грижа, социјална инклузија, намалување на неплатениот труд на жените, посебно околу грижата за децата, а кои мерки би ја олесниле нејзината вклученост на пазарот на трудот. 1. Подобрен пристап до градинки и економија на грижа што да се направи? - Позитивно е што дел од општините веќе имаат целосно ослободување за плаќање надоместок за згрижување во градинка. Сепак, ова се општините кои имаат поретка населеност, додека кај општините со погуста населеност трендот е обратен. Ова значи дека кај општините кај кои има поголем број на деца, цената се зголемува и тоа рамномерно за сите. Сепак, зголемувањето на цената не ги погодува сите семејства на ист начин, со оглед на тоа што имаат различни приходи и различен број на деца. Заради ова, висината на надоместокот за градинки треба да се унифи ­цира на национално ниво и треба да почне да се плаќа прогресивно, во зависност на годишниот приход на семејството. Со ова ќе се обезбедат поголеми буџети за градинките и ќе се подобри квалитетот на грижа за децата. - Во исто време, треба да се зголеми опфатот на категории граѓани кои се ослободени од плаќање надоместок, со фокус на ранливите групи граѓани, и да се унифицира на целата тери ­торија на државата, па така: семејствата со ниски приходи, самохраните родители, семејствата со две или повеќе деца, жртвите на семејно насилство, семејствата во ризик, и слично, да се ослобо ­дени од плаќање во сите општини. - Општините во кои не постојат градинки, да се насочат кон изградба и отворање на нови гра ­динки, особено во руралните средини, со цел да се подобри нерамномерниот регионален раз ­вој и поддршката за родителите. Особено е итно да се отворат градинки во општините Желино и Студеничани. Онаму, пак, каде што има недоволно капацитети, да се работи на зголемување на капацитетите, односно да се направат напори за градење на нови објекти. - Во сите градинки треба да се вработат соодветен број на лица, а согласно правната рамка, со цел да се обезбеди квалитетен и безбеден престој на децата, но и да се намали обемот на работа врз згрижувачкиот и воспитниот кадар, кој во 100% се жени. Во исто време, да се промовира вклучу ­вање и вработување на мажи на овие позиции, со цел менување на свеста за родовите улоги кај децата, но и општеството во целина. - Преку обезбедување соодветен број на вработени, ќе се овозможат услови за двосменско рабо ­тење во градинките онаму каде што има потреба, што и сега е предвидено како можност во правната рамка, но не се остварува во пракса. - Во руралните средини да се размислува за нестандардни начини на згрижување, каде ќе се искористат постоечки(општински) објекти кои би се пренамениле за грижа на помал број на деца. Исто така, да се размислува за згрижување на мали групи во семејни услови, пре ­ку вработување на неактивното работоспособно население. Да се размислува инвентивно и да се зборува со локалната заедница, за заедничко изнаоѓање решение. - Општините да ја исполнат својата законска обврска за обезбедување хигиенски средства, со што ќе се намали дополнителниот финансиски товар врз родителите кој во моментот се поставува незаконски. 26