Buch 
Do rodova ednakvost preku lokalni politiki za poddrška na griža za decataДо родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

за економско јакнење на жените во општините Анализата врз основа на податоците што ги добивме како одговор од општините, а и од стратешки ­те документи на општините(стратегиите за еднакви можности, акциски планови, итн.) 27 покажа дека само во 18 општини постојат мерки за економско јакнење на жените, што е 21% од вкупниот број општини. 28 Тоа се општините: Кичево, Валандово, Велес, Ѓорче Петров, Центар Жупа, Зелениково, Илинден, Крива Паланка, Кратово, Куманово, Брвеница, Радовиш, Кавадарци, Струмица, Тетово, Чаир, Шуто Оризари, Битола. Во голем број од случаите недостасува алоцирана сума за имплементирање на мерките, или, пак, следење на нивната имплементација. Честопати во стратешките документи е наве ­дено дека активностите за економско јакнење на жените зависат од финансирањето на меѓународни донатори или од соработката со граѓанскиот сектор. Ова упатува на фактот дека недостига долгорочен, системски пристап за економско јакнење на жените. Во најголем број од случаите, мерките се фо ­кусираат на јакнење на капацитетите на жените за нивна вработливост, преку обуки за стекну ­вање вештини со кои тие би станале поконкурентни и би се вклучиле на пазарот на трудот во областите: маркетинг вештини, креирање бизнис-план, развој на претприемачки вештини. Едно од начините за економско јакнење на жените е формирање тела за женско претприемништво. Во општина Куманово е формирана Комисија за женско претприемништво која има интерсекциски пристап и се фокусира на: жените од рурални средини, самохраните мајки, Ромки или жени од марги ­нализирани заедници. Комисијата има за цел економско зајакнување на жените, развој и вклучување како претприемачки, преку обуки и други активности, и преку програми за самовработување. Во Општина Битола има формирано Совет за женско претприемништво. Во Програмата за еднакви можности има предвидено цел за економско јакнење на жените. Има повик за жени претприемачки со предвидени 1.000.000 денари за оваа активност. Дополнително, општината има објавено повик за из ­работка на Регистар за жени претприемачкикаде што ќе се најдат информации за сите жени кои имаат сопствен бизнис, а со тоа и можност за креирање мерки и активности за промоција и вмрежување. 29 Како уште еден позитивен пример може да се издвои иницијативата на Комисијата за еднакви мож ­ности на Општина Кавадарци, по чија иницијатива, исто така, се формира Локален совет за женско претприемништво, во соработка со Националната Платформа за женско претприемништво. Фокусот на овој Совет се жените претприемачки и економското јакнење на жените од руралните средини. За жените претприемачки, Комисијата за еднакви можности заедно со Платформата за женско претпри ­емништво има одржано циклус обуки на тема: маркетинг, циркуларна економија, дигитална транзи ­ција, итн. Додека, пак, за руралните жени Комисијата има организирано Саем на локални произ ­води каде руралните жени можат да ги: пласираат, промовираат и продаваат своите производи, при што се дава видливост на рачно изработените производи. Ова придонесува за издигнување на јавната свест за вредноста на локалните производи, како и за официјално признавање на жените земјоделки како претприемачки и нивно економско зајакнување. 27  Табелата со преглед на мерките се наоѓа како Анекс на истражувањето. 28  Градот Скопје на својата страница има објавено дека имаат изготвено Стратегија за родова еднаквост и Акциски план за периодот 2021-2025, каде се споменува како еден од приоритетите зголемување на бројот на жените во бизнисот, но документот не е достапен онлајн. https://skopje.gov.mk/mk/ves­ti/2019/24022021_nova_srategija_rodova_ednakvost/?utm_source=chatgpt.com 29  Повик за изработка на Регистар на жени претприемачи, Општина Битола, август 2025 https://www.bitola.gov.mk/%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D 0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0­%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8/ До родова еднаквост преку локални политики за поддршка на грижа за децата 21